„Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветил карејскиот скит и те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просбетли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе ни даде исцеление“ (тропар на св. Нектариј Битолски).

Sport media | Nike SB

На ден 18.12.2011 година го прославивме споменот на светиот Нектариј Битолски, нашиот голем светител и подвижник. Прославата во негова чест започна со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, во сослужение на протоереј-ставрофор Ефтим Бетински и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, а беа присутни и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а по завршувањето на вечерната богослужба, беше прекршен празничниот колач. Празнувањето продолжи утредента со свечена архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, архимандрит Јосиф, јеромонах Григориј, протоѓакон Ратомир Гроздановски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваше и Архиепископот Стефан.

Оваа 2011 година е година на големи Јубилеи. Откако го прославивме 30 годишниот Јубилеј од митрополитската служба на Митрополитот Тимотеј, еве, на овој ден, се навршија и 30 години од замонашувањето на архимандритот Нектариј.  По тој повод, Архиепископот Стефан, на игуменот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, му подари граден крст, а во името на Дебарско-кичевската епархија, и Митрополитот Тимотеј го закити отец Нектариј со прекрасен граден крст. Од името на целата епархија, од свештенството и од верниот народ, му го честитаме големиот јубилеј на архимандритот Нектариј и посакуваме и се молиме на Бога да прослави уште многу вакви Јубилеи. Амин!

svnek2011

svnek2011 2

svnek2011 4

svnek2011 6

svnek2011 8

svnek2011 10

svnek2011 12

svnek2011 14

svnek2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1