„Вистината на сè како правило на верата, образец на кротоста и учител на воздржливоста те покажа на стадото твое; заради тоа си го придобил со смирението – возвишеното, а со сиромаштвото – богатството; оче свештеноначалниче Никола, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“ (тропар на свети Никола Мирликиски Чудотворец).

trace affiliate link | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

На 19.12.2011 година го прославивме споменот на светиот Никола Чудотворец архиепископ Мирликиски, ревносниот поборник на вистината и учесник на Првиот вселенски собор. По тој повод, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандрит Партениј, свештеник Љупчо Симиџиески, јеромонах Доситеј и ѓаконите Владо Недески и Васко Голабоски. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои дојдоа да го прослават светиот Никола, чиј култ во Охрид, но и во цела Македонија, е многу голем. Митрополитот Агатангел се обрати кон присутните верници со пригодно слово и им подели нафора.

По завршувањето на Литургијата, свештенството се упати во резиденцијата на Митрополитот Тимотеј каде беше прекршен празничниот колач. Светиот Никола нека Ве чува на сите Ваши патишта и секогаш нека биде Ваш пример и заштитник. На многаја лета!   

svnik2011

svnik2011 2

svnik2011 4

svnik2011 6

svnik2011 8

svnik2011 10

svnik2011 12

svnik2011 14

svnik2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1