„Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави нè од искушенија“ (тропар на преподобен Наум Охридски).

На ден 05.01.2012 година, го прославивме споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Централната прослава на овој наш голем подвижник и Боговидец беше  во манастирот кој самиот свети Наум го изгради покрај прекрасното Охридско Езеро, а започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото високопреподобие архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, во сослужение на свештеник Димче Азески и ѓакон Васко Голабоски. На вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

latest Running | Gifts for Runners

 

Торжествата продолжија утредента со свечена архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештеник Кирил Јованоски, еромонах Јосиф, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој претходно подготвен, пристапи кон светиот Путир. По завршувањето на Литургијта беше прекршен празничниот колач и беше извршен чинот на Мал водосвет. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, кој подолу во целост ви ја пренесуваме.

Прославувањето на проподобниот Наум беше искористено и за промоција на уште една монографија на англиски јазик за овој прекрасен манастир, напишана и уредена од вредното перо на г-дин Стојан Савески. Промотор на книгата беше д-р Сашо Коруноски, декан на Факултетот за туризам и угостителство  Охрид. Издавањето на оваа монографија е поддржано од ЕЛЕМ Македонија, а како нејзин претставник на промоцијата, беше присутен директорот на компанијата г-дин Владо Чингоски.

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска сме собрани во овој древен манастир, изграден од св. Наум Охридски пред 11 века на прекрасното Бело Езеро. Тој е сведок на многу бурни времиња на овие простори, од убави и сјајни, до најтешки и непријатни. Но, сите тие настани можеби бегло се забележани во некои историски белешки, запишани на некои хартии, покриени со огромни правови во светските архиви, кои никој не ги погледнува, ниту, пак, проучува. Но, свети Наум, и покрај сите овие згоди и незгоди, свети како голем светилник и со својот лик и дело преку сите овие изминати 11 века ни го осветлува патот кој води во Царството Небесно.

Свети Наум со неговата силна и непоколеблива вера добил милост пред Бога, и тоа не само за себе, туку бил овластен да може и на други луѓе, кои со вера ќе му се обратат, да им биде застапник пред Бога за помош и милост. Сето тоа свети Наум го стекнал благодарение на верата, љубовта и надежта што ги поседувал за време на неговиот овоземен живот.

Светите отци верата ја нарекуваат златна стомна од која Бог се излива во нас. Верата е како орелски крилја кои душата ја издигнуваат кон Бога. Дали ние се издигнуваме кон Воздвигателот? Дали се удостојуваме да го примиме Оној Кој слегува од Небото - Синот Божји? Силата на верата е недостижна. Таа нè прима во нејзините прегратки како мртви и нè оживува; нè гледа како млади и нејаки и нè пораснува; нè гледа исплашени и изгубени по разни стрмни патишта и нè изведува на рамни и чисти патишта. Таа ги чувствува нашите маки и страдања и ги соединува со трпение и со леснотија и што сè уште не примаме преку нашата вера? Верата е всушност сè што имаме. Таа е онаа која ни го дава она во што веруваме и нè прави способни и планини да преместуваме. Ако, пак, не веруваме, ниту една буква нема да измениме.

Од Светото писмо знаеме дека Лазар верувал и воскреснал од мртвите. Но, Јуда не верувал и не можел да не го изгуби вечниот живот. Не е потребно ништо посебно за оние кои веруваат, а без вера и кога би се соединило целокупното дејство на природата, сè би било залудно. Пространството на верата не може со ништо да се опфати. Тоа не е ограничување на тесните простори на мртвото разбирање на Бога и природата на луѓето. Сите тајни Божји се толку големи и нејасни што и најголемите умови на луѓето не можат да ги сфатат и разберат како што можат луѓето кои живеат на небесните висини, односно Божјите угодници. Внатрешната вера е убава и делотворна. Големата ученост и способност да се искажат големите тајни Божји не е секогаш доказ дека оној што тоа го поседува е Богоугодник или свет човек Божји. Затоа свети ап. Павле во Посланието до Коринтјаните нè поучува: „Царството Божјо не е во зборови, туку во сила“ (1Кор. 4,20).

Од историјата на Стариот завет знаеме дека Мојсеј со жезолот го преполови Црвеното Море и направи од камен да потече извор вода. Тој зборувал со огнени јазици како присуство Божјо, но таквите пројави не се секогаш според волјата Божја. Од Стариот завет, исто така, знаеме дека и Маријам била пророчица, Саул пророк и Валаам зборувал, но тие не биле според волјата Божја.

Верата можеме да ја споредиме со прекрасно дрво исполнето со убави плодови. Тие плодови се природни само тогаш, кога вкусувајќи од нив, не можеме да кажеме дека се тоа плодови кои не израснале од семето на непропадливото и не биле посадени од Десницата на Севишниот  на полињата на Небесниот Рај. „А плодот на духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста“ (Гал. 5, 22-23). Сите овие духовни плодови се важни за секој христијанин, па ако е можно и секој да се здобие со нив и да ги усвои и според нив да живее, бидејќи тоа е совршенство. Ако, пак, тоа не може, тогаш да се потруди барем некоја од овие добродетели да прими како плод духовен и да живее со него.

Сите овие чудотворни духовни плодови биле придружни и најслатки и непропадлива храна во Рајската градина на оној што сега торжествува во Рајот, а пак, кого го прославуваме тука на Земјата, небоземниот ангел, преподобниот Наум Охридски. Преподобен Наум гледал дека природната храна се претвора во тело која ја јаде. Но, знаел дека Божјата маана – храна, со самото вкусување го соединува со Бога. Тој верувал дека со вера и планини се преместуваат. Љубел како и Бог што нè љуби. Се радувал дека во Бога нема ниту една темнина. Мирољубив бил како што Христос ни го дава неговиот мир и Долготрпелив бил бидејќи го видел венецот на трпението што Господ Христос го трпел на главата, милосрден бил бидејќи и тој е спасен со милосрдието Божјо, кроток бил како што е и познат. Воздржан бил бидејќи сецело бил предаден и обземен од Бога. Познато е дека реките на благодатта течат надолу, а не нагоре.      

Драги браќа и сестри!
Да се угледаме на преподобниот Наум Охридски, тој да ни биде образец и да ги избереме овие духовни плодови и да ги усвоиме како што ги усвоил и свети Наум, па живеејќи и работејќи и исполнувајќи го Законот на Господа Христа и на нашата света Црква, и ние да се најдеме во тивкото пристаниште каде што вечниот Кормилар ги води сите христијански души на Црквата Христова. Та, живеејќи така, да го наследиме ветеното Царство што Господ го приготвил за секоја христијанска душа што верува и живее според плодовите на верата. По молитвите на свети Наум, Бог нека ги услиши нашите молитви. Така нека биде! Амин!

Митрополит Тимотеј

Преподобен Наум Охридски
05.01.2012 година, ман. „Свети Наум Охридски“ Охрид

svnauzim2012

svnauzim2012 2

svnauzim2012 4

svnauzim2012 6

svnauzim2012 8

svnauzim2012 10

svnauzim2012 12

svnauzim2012 14

svnauzim2012 16

svnauzim2012 18

svnauzim2012 20

svnauzim2012 22

svnauzim2012 24

svnauzim2012 26

svnauzim2012 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1