На 28.12.2021 година се наврши една година од упокојувањето на поранешниот Митрополит Европски Горазд. По тој повод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, отслужи Трисагија за покој на душата на Митрополитот Горазд. Господ нашиот Спасител да му ги прости сите волни и неволни согршенија и да ја всели неговата душа во населбите на праведниците. Вечнаја памјат!