Како и секоја година, и овогодинешниот празник на Христовото Рождество беше најрадосен за оние најчистите души - најмладите. Тие со нетрпение и со голема радост го очекуваат овој празник на Богомладенецот, а за нивните радосни насмевки се погрижи и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој на дечињата од свештенството на Дебарско-кичевската епархија им подели Божикни пакетчиња, поздравувајќи ги со радосниот поздрав: Христос се роди!