На 08.01.2012 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на Пресвета Богородица, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Пресвета Богородица – Челница“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

На 09.01.2012 година, третиот ден од Рождеството Христово, го прославивме споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. По тој повод, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Темелко Донески, Митре Попоски, свештениците Ристе Наумоски и Петре Бојчиноски и ѓаконот Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј им се обрати на верниците со пригодна беседа и ги причести најмладите кои пристапија кон светиот Путир.

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Кога еден човек се подготвува да патува на далечен пат и во непозната земја тој долго време размислува и се подготвува како да ја реализира оваа потреба. За да ја постигне својата цел без мака или со помалку мака, тој се обраќа и бара најдобри компании или водичи кои безбедно и без проблеми ќе го однесат до посакуваната цел. Сето тоа се случува во овој наш живот, но, исто така, се постапува и во нашиот духовен живот. Благочестивиот христијанин својот живот го доверува на патеводители и на небесните покровители.

На духовниот пат верниците се трудат да ја спасат својата душа, бидејќи и таму постојат опасности кои можат да ја отстранат од вистинскиот пат кој што води во прегратките Божји. Затоа многу благочестиви христијани се обраќаат со молитва и со искрени барања кон разни Божји угодници за да им бидат на помош, да ги чуваат, да ги заштитуваат и да им бидат патеводители во нивниот духовен живот. Но, најголем дел од човечкиот род се обраќа, ја моли и бара од неа да биде покровителка и патеводителка Небесната Царица, Пречистата Дева Марија. Оние кои што искрено веруваат, го доверуваат сиот свој живот од најраната младост, па до крајот на нивниот живот. Може да се каже дека во младоста се невини и безопасни години, но кој може да ги одрече и маките и страдањата кои што настапуваат и се пребродуваат токму во овие детски години. Соблазните, искушенијата, неправилното воспитување, негрижата родителска, разни болести, можат во самиот почеток на животот да го загорчат и цутот на животот да овене засекогаш. Затоа најмудро постапуваат благочестивите христијани кои уште од најмлада возраст ги закрилуваат своите чеда под покровителството на Пресветата Богородица. Историјата е полна со примери како Богородица спасила многу деца од разни искушенија, опасности и од лиење на детски солзи.

Ништо не е полесен периодот од животот кога човекот ќе дојде и во периодот на зрелото доба. Колку само труд, маки, болести и опасности претрпуваат душата и телото, а кои биле готови да го скршат слабото човечко битие, ако на нив не им пристапила Богородичната помош.

Годините поминуваат и доаѓа и староста. Вистинските верници почнуваат сè поинтензивно да размислуваат за вечноста, за својата душа, за обременувањата со нивните гревови. Настапува период на покајание и чувство на страв и трепет за да не настрадаат во огнот на пеколот и почнуваат да бараат утеха и помош. И колку солзи ќе се пролеат со чувство на жива вера пред ликот на Пресвета Богородица, таа која единствено може да го оттргне мракот пред очите и да го поврати мирот, радоста и спокојството. Православните христијани барајќи помош и величајќи ја Пресвета Богородица $ даваат најразлични умилни епитети како што се: Радост на сите, Патеводителка, Неовенат венец и многу други.

И нам, денеска, кога го прославуваме ликот и делото на Мајката Божја, односно Соборот на Пресвета Богородица, неопходно е таа прослава да ни послужи за наше надградување и морално усовршување, преку кои Таа му угодила на Бога. Преку нејзиниот благочестив и непорочен морален живот, единствено Пресвета Дева се удостоила со најголемата чест да биде мајка на Севишниот Бог. Од самото нејзино раѓање таа се одликувала со неспоредлива добродетелност, била целомудрена и со телото и со душата, рамна на ангелите, а со својата скромност зрачела со неспоредлива и вистинска невиност. Таа била во сè скромна, и во облеката и во односот и во зборот и со сите нејзини постапки. Таа се облекувала пристојно, со срамежливост, не се украсувала ниту со злато ниту со сребро, туку со добри дела кои му се угодни на Бога.

Пресвета Дева Марија се одликувала со невообичаена смиреност, секогаш сакајќи да биде последна и не барајќи за себе никакви почести и пофалби, живеела скромно и се издржувала работејќи со своите раце. Таа, која имала ветување од Бога и од ангелите, затоа и се удостоила со таква висока чест.

Пресветата Мајка се одликувала со сецело препуштање и исполнување на волјата на Отецот Небесен, со непоколебливо и великодушно примање на сè што $ било испраќано според волјата Божја во нејзиниот живот. Таа сите маки, грижи и страдања беспрекорно, без роптање и со покорност ги поднесувала и полагала целосна надеж на својот Господ. Дури и во часот кога таа го видела својот возљубен Син на крстот, кога оружјето ја прободува нејзината душа, кога таа преживува такви болки како никој што не претрпел на земјава, таа и тогаш под бремето на својот крст храбро и силно ги поднела испратените искушенија.

Колку повеќе Пресвета Дева била предадена на волјата Божја и колку похрабро ги поднесувала сите непријатности, за толку повеќе нејзината душа била сострадателна и нежна кон луѓето кои ги љубела од сето срце и затоа таа постигнува сеопшта љубов од народот. Затоа и ние и сите православни христијани Пресвета Богородица ја подражаваме и $ се молиме.

И ние денеска, кои сме собрани да го прославиме празникот посветен на Пресвета Богородица, од сè срце да се помолиме на Царицата Небесна, таа да ни биде патеводителка од земјата кон вечното небесно Царство. Таа да нè научи искрено да го љубиме Бога и да ги исполнуваме неговите свети заповеди. Мајката Божја да нè заштитува од секакво зло за да можеме благочестиво да поживееме во сите денови и да се преселиме во вечните живеалишта и таму да го прославиме Нејзиниот Син и Нашиот Господ Исус Христос, на Него со Отецот и Светиот Дух да биде вечна слава и пофалба. Амин!

Митрополит Тимотеј

Собор на Пресвета Богородица
08.01.2012 година, храм „Пресвета Богородица - Челница“ Охрид

sobprebog2012

sobprebog2012 2

sobprebog2012 4

sobprebog2012 6

sobprebog2012 8

sobprebog2012 10

sobprebog2012 12

sobprebog2012 14

sobprebog2012 16

sobprebog2012 18

sobprebog2012 20 1

sobprebog2012 22 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1