На ден 06.02.2012 година се навршија 119 години од смртта на големиот македонски поет и лауреат Григор Прличев. Роден на 18 јануари 1830 година според едни, а според други 1831, Григор Прличев со поемата „Сердарот“ е добитник на првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина, но поради тоа што одбива да се изјасни како Грк, наградата не му е доделена. Григор Прличев бил голем поборник за воведување на народниот македонски јазик во училиштата, за што одреден период во животот ќе го помине и во затвор. Негови позабелижетлни творби се и „Автобиографијата“ и словото-есеј „Чувај се себеси“.

latest Nike release | Women's Nike Superrep

По повод годишнината од смртта на овој наш поет и преродбеник беше извршена панихида на неговиот гроб, кој се наоѓа во дворот на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид. На панихидата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески и Никола Христоски. На гробот се поклонија и му оддадоа почит повеќе истакнати личности од нашето општество. Нека му е вечен споменот! 

pangrig2012

pangrig2012 2

pangrig2012 4

pangrig2012 6

pangrig2012 8

pangrig2012 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1