Почитувани верници!

Дебарско-кичевската епархија, со благослов на нашиот Митрополит Тимотеј, грижејќи се за потребата за духовна надградба на верните, издаде повеќе книги со теолошка содржина од кои секој еден, како вредна пчела која собира мед, ќе може од нив да се научи на Христовата љубов и христијанските добродетели. За да бидеме уште подостапни на нашите верни чеда, отсега па натаму, за сите нови изданија ќе бидете информирани на нашата веб страна, а делата можете да ги најдете во сите храмови во нашата епархија.

url clone | jordan Release Dates

Како и сите други години, со благослов на нашиот Митрополит, и ова 2012 лето Господово почна со неколку прекрасни изданија. Издавачката година започна со излегувањето од печат на годишниот алманах на Дебарско-кичевската епархија „Светиклиментово слово“. Освен календарскиот дел за оваа година, во него е поместена и службата на свети ап. Тимотеј и свети преподобномаченик Анастасиј, како и повеќе текстови од современи теолози (протоереј Георгиј Флоровски, Митрополит Јеротеј Влахос, проф. д-р Јован М. Фундулис и др.). Во алманахот ќе се запознаете и со другите поважни настани во изминатата година, а можете да прочитате и неколку беседи од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Од печат излезе и вториот том од поуките на старец Пајсиј Светогорец, под наслов „Духовно будење“, а во превод на свештеник Димче Азески. Во ова прекрасно дело на старецот Пајсиј, чија цел е да ја разбуди во нас „добрата грижа“, верните може да се поучат за „Одговорноста на љубовта“, „Подвигот и побожноста“, „Духовната смелост“, „Зависноста од небото“, како и за „Духовното оружје“.

Делото „Шизофренија или аскетизам“, во превод на свештеник Никола Христоски, е уште еден прекрасен наслов што ја закити нашата издавачка куќа. Ова е прекрасен труд на проф. д-р Јован Корнаракис, кој јасно ни покажува дека
„аскезата претставува автентичен пат на избавување од шизофреното самоотуѓување...“.        

KNFEV2012

KNFEV2012 2

KNFEV2012 4

KNFEV2012 6

KNFEV2012 8

KNFEV2012 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1