„Оној што е невидлив по природа, денес е видлив во тело: Несоздаденото Слово сега раѓано од Чиста Дева се создава. Затоа, заради нас луѓето, како осмодневен младенец според законот се обрежува. Нему, како наш Спасител, да Му се поклониме“ (седален на утрена на Обрезание по тело на Господ Исус Христос).

 

На 14.01.2023 година, денот кога го празнуваме Обрезанието по тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос, како и споменот на светиот Василиј Велики, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен за Новата Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Денеска светата Православна Црква прославува три големи празници. Најпрвин ја прославува православната Нова година, обрезанието на нашиот Спасител Господ Исус Христос и св. Василиј Велики, архиепископ Кесариски.


Да кажеме неколку збора за обрезанието Господово. Во старозаветната религија, обрезанието било еден од најважните свештени обреди, кај секој новороден Израилец, кој преку тоа се воведувал во заветот со Бога, станувал дел од Израилскиот народ, и со тоа можел да ги ползува дадените дарови од Бога. Секој новороден морал да го прими обрезанието, според заповедта дадена од Бога, а со тоа ги исполнувал и законите и обредите според кои можел да се вброи во Израилскиот народ.


Кога се родил Господ Исус Христос, света Дева Марија и праведниот Јосиф, чувар на таа најголема тајна, во осмиот ден го принеле во храмот Богомладенецот за да го исполни човечкиот закон и да го посветат младенецот на Господа. Во храмот биле и луѓето што верно го почитувале и љубеле Бога и кои го извршиле обредот над Богомладенецот.


Но, можеби некој ќе се запраша зошто Исус Христос, Спасителот на светот, кој е зачнат и роден без грев и кој имал чисто и свето тело во кое немало никакво место за човечка похот и страст, се потчинил на обреди и обрезанија, кои покажуваат на укажување на грешни телесни похоти и страсти. Исус Христос се потчинил не само на обрезание, туку и на други правила поставени според јудејскиот закон. Најпрво, затоа што преку нив Он покажал дека закониот треба да се исполнува, а обрезанието кои Исус го примил го покажува како преобразување на грешниот род човечки, како примање на сите гревови на луѓето врз Себе, па така да ги избави од гревовите, проклетсвото и вечната смрт. Како што гледаме, Синот Божји Исус Христос, како рамен на Бога Отецот по величие, слава и сила, благоизволил да стапи преку обрезаниеsvvasilij2023 1svvasilij2023 2svvasilij2023 3svvasilij2023 4svvasilij2023 5svvasilij2023 6svvasilij2023 7svvasilij2023 8svvasilij2023 9svvasilij2023 10svvasilij2023 11svvasilij2023 12svvasilij2023 13svvasilij2023 14svvasilij2023 15то во бројот на избраниот народ Божји. А доколку вополотениот Син Божји не се потчинил на обредот обрезание, тогаш Он не можел да има со нив општење, со избраниот еврејски народ. Не би можел да оди во синагога, во храмот, не би имал влијание над народот, а преку тоа не би можел да биде очекуваниот Месија помеѓу избраниот народ.


Затоа овој празник е голем и радосен. Тој ни сведочи за Господа, дека Он во секоја возраст е Спасител на луѓето и ги прима со љубов и добра волја, секој грешник и паднат, а за возврат само очекува и бара да се оди според Неговите заповеди. И колку порано пристапиме кон Господа, толку почесни и радосни ќе бидеме, затоа што ќе ги избегнеме многуте гревовни страдања во идниот век.


Денеска го прославуваме и големиот учител на светата Црква, св. Василиј Велики, архиепископ Кесариски. Св. Василиј Велики е еден од големите учители на нашата света Црква, кој имал силно влијание врз сите кападокиски отци, кои ќе ја утврдуваат догмата како за Исуса Христа, како Богочовек, но тој ќе биде и прв учител кој што ќе го трасира патот за учењето на пневматологијата, односно учењето за Светиот Дух. Тој ќе напише и повеќе богословски дела, но ќе биде најпознат по монашките правила, кои и денеска во православната Црква се почитуваат како основно правило за живот во манастирите. Тој е учител на Црквата, каде што ни вели дека ние не ја сочувуваме Црквата и нејзините тајни, туку Господ ја чува Црквата и прави се за нас, зошто Тој нема потреба од нас и нашите молитви, туку ние имаме потреба да се молиме во храмот, кој е наречен дом на молитва. Тој е уште наречен дом на Отецот Небесен, од кој што црпеме жива вода од која не се ожеднува до века. По молитвите на св. Василиј, Бог нека ни ги услиши молитвите да одиме по вистинскиот пат и да наследиме вечен и блажен живот. Амин.

 

Обрезание Господово и св. Василиј Велики
храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга
14.01.2023г.

 

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3