На 09.02.2023 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид. На состанокот беа разгледани повеќе точки од дејноста на Епархијата во изминатата 2022 година. На состанокот беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2022 година, како и Предлог буџетот за 2023 година. Исто така, беа донесени и повеќе одлуки според поденесените барања. Состанокот се одржа под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во присуство на членовите на ЕУО на ДКЕ, и тоа:
- архимандрит Нектариј (Најдоски)
- протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
- протоереј Васко Голабоски
- Д-р Светослав Маџаров
- Д-р Сашо Цветковски
- Г-дин Петар Спасески и
- протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство на секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на состанокот.