14 ФЕВРУАРИ 

НЕДЕЛА ОД СИРНА СЕДМИЦА И СПОМЕН НА ПРП. ОТЕЦ НАШ АВКСЕНТИЈ И НА ПРП. ОТЕЦ НАШ И РАМНОАПОСТОЛЕН КИРИЛ, УЧИТЕЛ СЛОВЕНСКИ

Sports brands | Entrainement Nike

ВЕЧЕРНА

Свештеникот (пред царските двери, во светол епитрахил): Благословен е нашиот Бог:Чтецот: Амин. Пријдете да Му се поклониме: (3-пати) и почетниот псалм (103-ти). За тоа време свештеникот ги чита светилничните молитви. Голема ектенија. Катизми не се читаат.

На Господи, повикав: пееме 10 стихири: 4 од Осмогласник на 4 глас (2 стихири од Вечерната во недела навечер и 2 од стиховни стихири од Утрената на понеделник), 3 од Посен Триод, и 3 од Минеј (на прп. и рамноапостолен Кирил учител Словенски).

Стихири од Осмогласник, глас 4:

Стих:Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое.

Сакав со солзи да го измијам списокот на моите гревови, Господи, и остатокот од мојот живот да Ти благоугодам со покајание, но врагот ме мами и се бори против душата моја. Господи, додека не сум загинал, пред крајот, спаси ме!

Стих: Мене ќе ме чекаат праведните, додека не ме вратиш.

Кој е тој што е носен од бура, и бара помош во Твоето пристаниште, Господи, и нема да се спаси? Или, кој е тој што е болен, и бара лек од Тебе, и нема да се излекува, Создателу на вселената, и лекару на болните? Господи, за да не загинам пред крајот, спаси ме!

Стих:Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи. Господи, чуј го гласот мој.

Измиј ме со моите солзи, Спасителе, зашто се осквернив со многу гревови. Затоа се поклонувам пред Тебе, Милостиве: Згрешив, Боже, помилуј ме!

Стих: Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое.

Јас сум овца на Твоето словесно стадо, и приоѓам кон Тебе, Добриот Пастир. Побарај ме, Боже, мене заблудениот, и помилуј ме.

Стих: Господи, ако гледаш на беззаконијата, тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување.

Стихири од Посен Триод, творби на господин Јосиф, глас 2.

Подобен: Кога од дрвото:

Со воздржување да побрзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси нѐ, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден, направи нè.

Стих: Заради името Твое, Те чекав долго Господи, чекаше душата моја на Твојот збор, душата моја се надеваше во Господа.

Паѓам во очајание, кога мислам на делата мои, Господи, достојни за секакви маки, зашто, ете, откако ги презрев чесните Твои заповеди, Спасителу, животот мој блудно го потрошив. Затоа се молам, откако со водата на покајанието ќе ме очистиш, со пост и молитви како единствен милостив просвети ме, Преблаг Добротвору на сите, и не гнаси се од мене.

Стих: Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа.

Друга, од господин Теодор, глас исти.

Подобен: Од надумните дарови:

Времето посно светло да го почнеме и на духовни подвизи себе да се подложиме; душата да ја очистиме, телото да го очистиме; да постиме од секоја страст како од храна и со добродетели духот да го насладуваме; со љубов во нив усовршувајќи се, да се удостоиме сите да го видиме сечесното страдање на Христа Бога и светата Пасха, духовно радувајќи се.

Стих: Зашто милоста е во Господа и во Него има обилно избавување. И Он ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.

Стихири на прп. Кирил Солунски, глас 4.

Подобен: Сим им дал знак:

Имајќи ја како добродетел пресветлата убавина, отче, си го обиколил целиот свет, како пчела вложувајќи го пречистиот мед во добрите срца на оние што веруваат во единствениот Христос, Кој дојде на земјата и ги обожи луѓето, поради Својата неизмерна милост и големо снисходење.

Стих: Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го сите луѓе.

Кроток со мудроста, исполнет со љубовта Божја, и преукрасен со правоверни учења, Кириле преблажени, си минал градови и земји, ловејќи ги за Бога и просветлувајќи ги со благодатта оние што ја примија проповедта за нивно спасение. Поради тоа, со свештени песни те почитуваме.

Стих: Зашто се зацврсти Неговата милост на нас, и вистината Господова останува вечно.

Твојот живот беше без порок, и твојата смрт беше чесна пред Господарот на сè, во Чии што раце си ја предал својата просветлена душа. Затоа, те молиме, отче, моли се за нас на Христа, да најдеме милост во судниот ден, ние кои се вера те славиме.

Слава, на Авксентиј, глас 8, Анатолиева.

Чистата мудрост на Светиот Дух, откако се всели во твоето чисто срце, себлажен Авксентие, преподобен отче, те покажа како страшен прогонувач на лукавите духови, и лекар на скриени болести. Затоа, имајќи смелост пред Бога Човекољубецот, со твојата непрестајна молитва, ослободи нѐ од страстите душевни и телесни.

И сега, богородичен:

Откако ќе го примиме гласот на архангелот, да речеме: Радувај се, Мајко Божја, која на светот му Го роди Животодавецот Христа.

Вход со кадилница. Светлино тивка:

Голем прокимен, глас 8:

Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое; бидејќи страдам, бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја. Стих: Спасението Твое Боже, нека ме прими. Стих: Нека видат бедните и нека се развеселат. Стих: Барајте Го Бога, и душата ваша ќе биде жива. И пак со висок глас: Не одвраќај го лицето Твое:

Забелешка: За време на пеењето на големиот прокимен свештено­служителите ги затвораат царските двери и ги променуваат одеждите во темни.

Сугуба ектенија не се кажува, туку веднаш потоа од певница се чита: Удостој не, Господи, оваа вечер: А потоа ектенијата: Да ја исполниме вечерната молитва пред Господа.

На стиховни стихири од Посен Триод, самогласни, глас 4:

Засветли благодатта Твоја, Господи, засветли просвештението на душите наши. Ова е време благо­пријатно, ова е време за покајание; да ги отфрлиме делата на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината; и, откако ќе ја препливаме големата морска шир на постот, да стигнеме и до тридневното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос, Кој ги спасува душите наши.

Стих: Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небото. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката ‒ кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува.

И ја повторуваме истата стихира.

Засветли благодатта Твоја, Господи, засветли просвештението на душите наши. Ова е време благопријатно, ова е време за покајание; да ги отфрлиме делата на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината; и, откако ќе ја препливаме големата морска шир на постот, да стигнеме и до тридневното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос, Кој ги спасува душите наши.

Стих: Смилувај се на нас, Господи, смилувај се, зашто многу сме понизени со презир; зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.

Маченичен: Прославуван во споменот на Твоите свети, Христе Боже, од нив замолен, испрати ни милост голема.

Слава, и сега, богородичен, глас 4.

Подобен: Како храбар:

Ангелските чинови те слават, Мајко Божја, зашто си Го родила Бога, сечиста, Кој е едносуштен со Отецот и Духот, и Кој, по Своја волја, од ништо ги создаде ангелските воинства. Него моли Го, од гибел да ги спаси и да ги просветли душите на православните, кои те воспеваат тебе, Сечиста.

Сега го отпушташ: Трисвето. По Отче наш: свештеникот возгласува. Зашто Твое е царството:

Забелешка: Свештеникот овој возглас го кажува на солеата пред царските двери. Тука останува до отпустот на Вечерната, прави три поклони на Богородице Дево: го кажува возгласот: Благословен е Христос: и молитвата на св. Ефрем Сирин со три поклонувања и го кажува отпустот.

И певците ги пеат следниве тропари, глас 4: Богородице Дево: и правиме поклон. Слава: Крстителу Христов: поклон. И сега: Молете се за нас:поклон. Потоа Прибегнуваме под Твојата добросрдечност: без поклон. Чтецот: Господи, помилуј: (40-пати), со кроток и тивок глас. Слава, и сега: Почесна од херувимите: Во името на Господа, благослови, отче. Свештеникот: Благословен е Христос, нашиот Бог, сега, и секогаш и во вечни векови: : Амин. И чтецот молитвата: Небесен цару:

Свештеникот ја кажува молитвата на св. Ефрем Сирин:

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие. поклон

Но дух на целомудрие, смирение, долготрпение и љубов, дарувај ми мене - на Твојот слуга. поклон

Да, Господи, Цару, дај ми да ги видам моите прегрешенија и да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во вечни векови, Амин. поклон

По третиот поклон свештеникот кажува. Слава Ти, Христе Боже, надеж наша, слава Ти. Певците: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Господи, помилуј (3-пати). Отче благослови.

Свештеникот кажува отпуст:

Христос, вистинскиот Бог наш, по молитвите на Својата пречиста Мајка, застапништвото на чесните небески бестелесни сили, на светите славни и сефални апостоли, (на светите на храмот и на денот) на светите праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите Свети, да нè помилува и спаси, зашто е благ и Човекољубец.

Чтец: Амин.

Свештеникот: По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боженаш, помилуј нè.

Чтецот: Амин.

Вообичаено е по отпустот  да се изврши чинот на проштевање. Ако е присутен Владиката, тој го зема престолниот Крст и ги целива според обичајот иконите од иконостасот на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица (или за таа цел пред иконостасот се поставува аналој со иконите на Спасителот и на Пресвета Богородица). Потоа застанува на средината на храмот и му пристапуваат свештенослужителите, целивајќи ги прво иконите а потоа крстот и раката на Владиката. Потоа тие застануваат според чинот од левата страна на Владиката. Вообичаено свештенослужителите земаат прошка од Владиката и помладите од постарите целивајќи се еден со друг на рамењата. Потоа пристапуват и верниците, кои го целиваат светиот Крст во рацете на Владиката и бараат прошка од свештенослужителите.

Подготвил: протоереј Игор Никовски - Охрид

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1