„Времето посно светло да го почнеме и на духовни подвизи себе да се подложиме; душата да ја очистиме; да постиме од секоја страст како од храна и со добродетели духот да го насладуваме; со љубов во нив усовршувајќи се, да се удостоиме сите да го видиме сечесното страдање на Христа Бога и светата Пасха, духовно радувајќи се“ (стихира на Господи повикав во Недела од сирна седмица вечер).

Sportswear Design | Men's Footwear

На ден 26.02.2012 година, на празникот Прочка, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на која богослужеа неговото високопреподобие архимандрит Нектариј, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. На вечерната богослужба присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, целото свештенство од Охридското архиерејско намесништво, како и многуброен верен народ. По завршувањето на вечерната богослужба беше прочитана и Молитвата  пред почетокот на светата Четириесетница, а старешината на храмот, свештеник Димче Азески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, во која се осврна на значењето на зборот сретение или средбата со Бога (средба или среќа) и патот до таа средба, а го истакна и објасни и значењето на Молитвата на свети Ефрем Сирин – „Господи, Владико...“. На крајот, како што доликува на православните христијани, свештенството и сите верници зедоа благослов од Митрополитот Тимотеј и еден со друг си побараа прошка за направените гревови. Господ Бог да нè крепи во текот на целиот пост и да ни даде сила да ја дочекаме Пасхата Господова со очистени души и тела. Амин!     

proc2012

proc2012 2

proc2012 4

proc2012 6

proc2012 8

proc2012 10

proc2012 12

proc2012 14

proc2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1