„Откако верата Христова ја прими како штит во срцето свое, противничките сили си ги победил, многустрадалнику, и со венци небесни, како непобедлив, вечно си се овенчал, Теодоре“ (кондак на св. вмч. Теодор Тирон).

На крајот од секоја седмица од Великиот пост, во саботите и неделите, светата Црква Христова благословува да се служи целосна света Литургија. Во Првата сабота од Великиот пост го прославуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон и чудото со коливото. На 03.03.2012 година, Тодорова сабота, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Храмот беше исполнет од многуброен верен народ, кој подготвен според правилата на светата Црква, речиси без исклучок пристапи кон светите Путир, за да се соедини со нашиот Спасител Христос. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме:

Asics footwear | Nike React Element 87

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Се наоѓаме во период кога светата православна Црква нè подготвува да се соединиме со нашиот Спасител, Господ Исус Христос, преку светата причест, односно преку Неговото Тело и Крв, а Кои ни се даваат во форма на леб и вино. Овој период се нарекува Велигденски пост. Постот е вековна традиција која ја практикувал уште основачот на нашата Црква, нашиот Спасител, Кој самиот постел четириесет дена пред да замине во светот и да ја изврши искупителната мисија за човечкиот род преку Своите страдања и Воскресението. Најголем дел од луѓето постот го разбираат како време за воздржување од мрсни јадења и силни пијалаци, што во одредена смисла е точно, а и барање на светата Црква. Но, потребно е да се знае и дека вистинскиот пост не е само телесен, туку и духовен. Постот и исповедта се две средства кои во оригиналното свое значење имаат поширока смисла од самото воздржување од одредени јадења и пијалаци. Од нас, пред сè, се бара промена, измена, преобраќање на умот, на мислата, на желбата, на волјата и на сè она што нè прави здрави психофизички битија. И токму овој временски период е вистинското време за нас христијаните, кои сакаме да се соединиме со Христа, да отфрлиме сè што е земно и да го примиме небесното, сè што е ниско да го замениме со возвишено, сè што е злобно со благородно. Како христијани сме повикани секогаш да правиме добри дела, но тоа уште повеќе е потребно во периодот кога се подготвуваме да се соединиме со Господа Христа преку светата причест.

Верувам дека најголем дел од вас што денеска пристапувате кон светата Чаша сте се подготвиле, сте се измиле и физички и духовно и сте се препородиле и подготвиле да го примите телото и крвта Христови за спасение на вашите души и тела.

Потребно е секој еден од нас искрено да се покае и да се исповеда пред да пристапи кон светиот Путир, „бидејќи нема човек кој ќе живее, а да не згреши“. Многу голема грешка и невистина, што често пати ја слушаме од луѓе кои се нарекуваат христијани и за себе мислат дека се големи верници, е да се мисли дека немаме престапи и гревови, со објаснување дека ниту сме убиле некого, ниту, пак, предале на убиство, па според тоа не чувствуваме дека имаме потреба за покајание и опростување. Светата Црква го учи секого од нас дека и најмалата наша помисла со која завидуваме, осудуваме или потценуваме некој од нашите блиски и познати, е голем престап и дека е потребно тоа да се исповеда и да се побара прошка. Овој долг временски период до Велигден да го исползуваме за покајание, исповедање, поправање, очистување и измивање на нашите души и тела, па да го дочекаме и најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, чисти од секоја страст и грев и уште порадосни и повесели. Амин!

Митрополит Тимотеј

Тодорова сабота
03.03.2012 година, храм „Пресвета Богородица - Каменско“ Охрид

todosab2012

todosab2012 2

todosab2012 4

todosab2012 6

todosab2012 8

todosab2012 10

todosab2012 12

todosab2012 14

todosab2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1