„Претставувајќи го на икона Твојот божествен лик, Христе, јасно ги воспеваме Твоето раѓање, неискажливите чудеса и доброволното распнување. Од тоа и демоните во страв бегаат и безбожните во срам редат, како нивни соучесници“ (седален на Недела на православието).

На секоја од неделите во Великиот пост, освен своето значење како ден на Воскресението, Црквата им дава и друго, инакво - поодредено значење. На ден 04.03.2012 година, Првата недела од Великиот пост - Недела на православието, кога ја прославуваме победата над иконоборството и повторното воведување на иконите во храмовите, во храмот „Св. Никола – Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Мноштво верни чеда зедоа учество во евхаристиските молитви и пристапија кон светите Тајни.     

Sportswear Design | Nike

prvned2012

prvned2012 2

prvned2012 4

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1