На 31.10.2023 година, во навечерието на празникот на св. Прохор Пчински, во храмот "Св. Кирил и Методиј" во Розбери, Сиднеј, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоерејот Наум Деспотовски, свештеникот Игор Младеновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се задржа на животот на преп. Прохор, и нашиот избор на вистинскиот пат, кој етесен, но единствен вистински.