На 12.02.2024 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид. На состанокот беа разгледани повеќе суштински прашања од животот на Епархијата од изминатата година, а беа разгледани и повеќе пристигнати писма и акти од други страни. На редовниот состанок беа разгледани и усвоени и Завршната сметка на Епархијата за 2023 година и Предлог буџетот на Епархијата за 2024 година. Состанкот се одржа под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во присуство на членовите на ЕУО на ДКЕ Охрид, и тоа:

 

  • архимандрит Нектариј Најдоски - Охрид
  • протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески - Охрид
  • протоереј Васко Голабоски - Струга
  • д-р Сашо Цветковски - Струга
  • д-р Светослав Маџаров - Охрид
  • г-дин Петар Спасески - Охрид и
  • протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на состанокот.   

 

euo2024 1euo2024 2

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5