Постот во Православната Црква се разбира како средство со кое се очистуваме од страстите, како време во кое телесното се ослабува, за да порасне духовното во нас. Но, постот секогаш е поврзан и со молитвата, зашто и самиот Господ Исус Христос вели: „Овој род (демонскиот) се истерува само со пост и молитва“ (Мар. 9,28-29). Токму затоа, и Црквата заповедала да се извршуваат различни молитвословија за време на постот, а особено за време на Великиот пост, кога со особена строгост и ревност се подготвуваме за дочекување на Христовото Воскресение.
Па така, светата Црква, во првите пет петоци од Великиот пост, установила да се чита акатистот на Пресвета Богородица, а за овој чин да им биде достапен на сите, Дебарско-кичевската епархија, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ја издаде книгата „Канон и акатист на Пресвета Богородица“.

buy footwear | Chuck 70 National Parks - Unisex by Converse Online , Ietp , Australia

Ова дело ги содржи Малото повечерие, Благодарствениот канон, Акатистот на пресвета Богородица, Кратко упатство за типикот, Упатство за Петтата седмица од Великиот пост, како и Кондаците на Малото повечерие. Преводот од црковнословенски јазик е на Архимандрит Нектариј (Најдоски), Уредник на изданието и графичко обликување и подготовка за печат се на Гоце Ристески, а корицата ја подготви Павел Крцоски.

Книгата може да ја најдете низ сите храмови на нашата епархија. Се надеваме дека ова е уште еден наш мал придонес кон преданието на Црквата Христова.    

kknigaakat

kknigaakat 2

kknigaakat 4

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1