„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото – посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ (Кондак 13 на Акатист на Пресвета Богородица)

Саботата, односно петок навечер, од петтата седмица на Великиот пост, според Уставот на православната Црква, е ден во кој се чита целиот Акатист на Пресвета Богородица, со сите негови кондаци и икоси. Мајката на Спасителот, ја молиме да стане и наша Мајка и секогаш да биде наша застапница пред Бога, а особено во овие великопосни денови, кога нашите души и тела се целосно насочени кон Царството Небесно.

Sports News | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

На 30.03.2012 година, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужен Акатистот на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконот Владо Недески. Првите три статии од Акатистот ги прочитаа тројцата свештеници, а последната четвртата ја прочита Митрополитот Тимотеј. Мноштво верници дојдоа да ја прослават Пресветата Мајка Богородица и да и запеат „Радувај се Невесто неневесна!“, а кон нив, со пригодна беседа, се обрати нашиот Митрополит и ги поучи:

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска, нашата света православна Црква, според Цариградскиот типик, ја прославува и велича светата Мајка Божја преку посебни песни наречени икоси и кондаци, кои го сочинуваат Акатистот на Пресвета Богородица. Во првите четири петоци на Великиот пост, се читаше по една статија од Акатистот, односно по три кондаци и три икоси заедно со Мало повечерие, додека оваа, пак, петта недела, се чита целиот акатист со дванаесет кондаци и икоси.

Во овие извонредни творби се воспева Светата Дева Марија, како Богородица, односно како Мајка Божја. Таа се именува со многу епитети, но ние ќе се задржиме само на епитетот Застапница на родот човечки. Се поставува прашањето зошто да имаме застапница, кога ние имаме вечен Застапник во лицето на Господа Исуса Христа, како што вели светиот ап. Павле во посланието до Евреите (Евр. 7, 24-25)? Но, ние христијаните ја имаме уште и за своја застапница Богомајката. Неоспорно е дека преку искупителниот подвиг на Господа Исуса Христа ние примивме смелост да се обраќаме кон Него и во Него да ја наоѓаме смислата на животот, помош и вечно спасение. Но, славата Божја зборува за тоа дека само „чистите по срце ќе можат да Го видат Бога“ (Мат. 5,8). Кон Бога ќе можат да ги испружат рацете само чистите по срце и душа. Псалмопеачот Давид вели: „Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место? Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не Го спомнувал лажливо името Господово пред ближниот свој“ (Пс. 23,34). Ние, секогаш кога сме во состојба на духовно созерцание и со љубов кон Бога, имаме смелост да се обраќаме кон Него, особено ако нашето обраќање е пропратено со покајание и исповедание, но поради силата на нашата гревовност и непостојаност ние ја чувствуваме и потребата за содејствие и застапништво на Божјата Мајка и на светите Божји угодници, на кои им е дадена благодат да се молат за нас. И тие ги принесуваат нашите немоќни молитви пред престолот на Севишниот Бог. Според дадената сила и власт од Бога на Пресвета Богородица таа приоѓа на помош. Таа е од нашиот род, таа е онаа која ги знае нашите човечки слабости и нашиот многунамачен земен живот. Таа го знае тоа, зашто и самата го поминала овој земен пат и достигнала невидена висина, светост и совршенство,  постанувајќи „почесна од херувимите и пославна од серафимите...“. Таа има особена храброст да се застапува за луѓето пред престолот на Царот на Славата и ние се ползуваме со таа смелост и затоа ја полагаме на неа сета наша надеж. Нејзината молитва достигнува до небото. Нејзината молитва нè пренесува нас земнородните до обилните Божествени дарови и небесни благословувања. Неа  Господ Исус Христос и рекол: „Мајко Моја, барај и нема да го свртам лицето од тебе, туку ќе ги исполнам сите твои молби“ (стих од Акатист).

Светата Црква отсекогаш верувала во покровителството и заштитата на света Богородица и во тоа, исто така, веруваат и сите верници. Нејзината помош може да ја посведочи секој еден од нас на личен план, да сведочи за нејзината благодатна помош кога ñ се обраќаме во моменти на тага, мака, болести и жалости. Таа ни испраќа храброст во молитвите, благословување и исправање во животот. Со нејзината смиреност и вера, светоста и праведниот живот, таа примила од Бога можност да престојува и да се застапува за нас, да ни помага, та да можеме и нашиот живот да го поминуваме во трпение со вера и благочесен живот.

Историјата на православната Црква има многу примери кога Божјата Мајка застанувала како гранитна карпа во помошта, особено во моменти кога било во прашање опстанокот на Црквата и на христијанската вера. Но, драги браќа и сестри, нашите гревови, нашите престапи, нашиот гревовен живот се појавуваат како пречки и прегради помеѓу нас и Бога, помеѓу нас и Богородица. Па, и покрај тоа што имаме такви можности и такви застапници, гревот, пакоста, злобата, гордоста и останатите страсти и пороци нè оддалечуваат и ни го поматуваат умот и не ни даваат можност да се обратиме исправно кон овие наши единствени вистински помошници. А сите благодати ги добиваме и ни се нудат во нашата света Црква, која е постојана и непоколеблива надеж на христијаните. Затоа треба да се обратиме кон нашата света Црква, таму да побараме нејзина помош и преку молитвите и светите Тајни да се очистиме опаметиме, освестиме, а по молитвите на светата Мајка Божја повторно да се удостоиме да пристапиме со чисти срца и чисти души кон Мајката Божја и нејзиниот Син, нашиот Господ Исус Христос.

Сè што можеме и треба да направиме во овој момент е да ја принесеме нашата молитва кон Божјата Мајка и да ја прославиме како брза помошничка и да ја молиме: „Мајко Божја принеси ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, за да ги спасиме преку тебе нашите души. Амин!“

Митрополит Тимотеј

Акатист на Пресвета Богородица
30.03.2012 година, храм „Пресвета Богородица - Каменско“ Охрид

5akat2012

5akat2012 2

5akat2012 4

5akat2012 6

5akat2012 8

5akat2012 10

5akat2012 12

5akat2012 14

5akat2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1