„Агницата Христова и ќерка, со песни да ја прославиме сега, Марија вечно споменуваната, која се покажа како египетска овца, и сета нивна прелест ја избегна, и како единствен совршен цвет на Црквата се принесе, со воздржување и молитва над мерата на човечката природа. Затоа единствениот Седржител ги возвиси и животот и делата на Марија преславната“ (икос на преподобна Марија Египетска).

Петтата недела од Великиот пост е посветена на преподобната Марија Египетска. Најпрво голема грешница, а после неовенлив цвет на пустината, подвижничка која го надминува секој дотогашен подвиг. Таа е пример за вистинско покајание и навистина, Црквата со право ја посветува оваа недела на Преподобната.

Best Nike Sneakers | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

Во Петтата недела од Великиот пост, на 01.04.2012 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештеник Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Речиси сите присутни верници, несамо што присуствуваа на Литургијата, туку и активно зедоа учество на неа, преку пристапувањето кон светите Тајни. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј му се обрати на своето верно стадо, со зборовите:

 
Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, уште од самиот почеток на проповедта, во позавиена форма го навестува страдалниот момент како метод и волја Божја за откуп на човечкиот род од гревот. Колку повеќе се доближувал периодот на овие случувања, толку повеќе Господ Христос ги чувствувал сплетките и пакостите, кои старешините јудејски ги кроеле и подготвувале за Неговото страдање и искачувањето на Голгота. Со желба да ги утврди во Неговата спасителна наука, а со наближувањето на времето на страдањето, Он многу појасно им зборува на апостолите дека се доближува часот кога Он ќе биде предаден, тепан, суден, распнат и погребан. Но, исто така, и дека славно ќе победи и дека Неговото Царство не е од овој свет.

Во денешното свето Евангелие слушнавме како Он зборува за овие настани многу отворено и јасно. Но, и покрај ова јасно и недвосмислено укажување, апостолите не го разбирале Господа Христа и тие си создавале поинаква слика и претстава за она што Он го зборувал и проповедал. Апостолите биле преокупирани со овоземни блага и заради нивната преданост и служење на Господа Христа, очекувале да бидат привилегирани во Неговото Царство. Затоа и браќата Заведееви, односно Јаков и Јован, ќе го замолат јасно и гласно Господа Христа, кога ќе дојде Неговото Царство, нив да ги постави до Него, едниот од десната, а другиот од левата страна, па тие со Него да царуваат и да управуваат во овој свет. Треба да нагласиме дека овие апостоли, особено свети Јован, бил најсакан ученик на Христа. Тој е оној што ќе ја наклони својата глава на градите Христови за време на Тајната Вечера, на него Господ Христос ќе ја предаде Пресвета Богородица за да се грижи за неа како за своја мајка. Сепак, во овој временски период тој не бил издигнат над овоземните желби и Го следел Христа со очекување да добие земни привилегии.

Но, Христос ќе им одговори на нивното барање со зборовите: „Не знаете што барате“ (Мар. 10,38). Преку овој одговор, Господ Христос одговара на севкупниот човечки род, зашто ние како верници и не само формални, туку и вистински, заради нашата огревовена природа честопати бараме и просиме од Бога нешто што е штетно и погубно за нашите души и тела. Токму затоа, многупати и нашите искрени молитви Бог не ги услишува, зашто иако се искрени, тие барања не се од полза и за спасение на нашите души. А како грешни луѓе, ние честопати брзо ги менуваме своите ставови и барања, денеска вака, а утре поинаку. Со одговорот на овие двајца апостоли Господ Исус Христос и нас нè поучува, дека не секогаш што бараме ќе добиеме, бидејќи не се сите наши барања  разборити и не се според волјата Божја.

Господ Исус Христос, за сето време на Неговата проповед, учи за Небесно Царство кое не е од овој свет, каде нема ниту јадење, ниту пиење, ниту, пак, господарење и овоземна сила, туку за вечното небесно Царство, каде ќе се прославува и велича името Божјо со хоровите ангелски и угодниците Божји. Затоа, потребно е да го слушаме гласот Божји и Неговата наука и да постапуваме онака како што Он нè учи во Господовата молитва каде што се вели: „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Мт. 6,10). Ако така се молиме и ако така бараме помош од Господа Христа, нашите молитви упатени кон Бога со искрена и топла молитва секогаш ќе бидат исполнети, а ќе бидат за наше добро овоземно престојување, како и за спасение на нашите души.

Драги браќа и сестри!
Денешната недела е посветена и на света Марија Египетска. Како што знаеме од житието на нашата света Црква, оваа личност имала бурен и непристоен живот во нејзината младост. Поголемиот дел од младоста го поминала во блуд и задоволување на другите страсти, па дури се упатила и во Ерусалим на некој брод којшто патувал со поклоници, но не за да се поклони на страдањата и воскресението Христово, туку за да ги соблазнува патниците и морнарите за време на патувањето. Но, кога пристигнала во Ерусалим и сакала и таа како и останатиот народ да влезе во храмот на Христовото Воскресение, била попречена од Господа и не можела да го пречекори прагот на црквата. Овој чудесен настан кај неа раѓа желба за покајание и напуштање на претходниот лесен и блуден живот. Така, таа се повлекла во Јорданската пустина, каде што го поминала остатокот од нејзиниот живот. По повеќе децении, поточно по 48 години, поминати во пост, молитва и солзи покајни, таа ги покајува сите нејзини гревови и при крајот на нејзиниот живот ќе биде удостоена да биде причестена со светите Тајни, со Крвта и Телото Христови, од старецот Зосим. Но, кога праведниот Зосим се доближил до неа за да ја причести, таа, немајќи никаква облека, го замолила да го фрли неговото расо за да може да го покрие своето тело, зашто сета облека што ја имала била изгорена од пустинските жештини. А овој, пак, праведен старец ја видел како лебди над земјата. Идната година, кога го замолила повторно да дојде да ја причести, тој ја нашол веќе упокоена, но нераспадната, и покрај големите пустински жеги.

Овој пример, исто така, нè поучува и нè охрабрува, дека независно од тоа колку сме погрешиле во нашиот живот, колку сме отстапиле од Бога и од Црквата и каков грев да сме сториле, ако имаме храброст и смелост пред нашата совест да признаеме дека сме погрешиле, Бог со неговата милост ќе нè помилува, ќе ни опрости и ќе ни даде пат и начин како сите грешки и гревови да ги покаеме и исповедаме. Бидејќи Бог со Неговата милост и човекољубие ги надминува сите можни гревови и престапи, не на еден човек, туку на севкупниот човечки род. Затоа драги браќа и сестри да се обратиме со искрена молитва кон света Марија Египетска и кон двајцата браќа од Евангелието, тие да бидат наши молитвеници и заштитници и секогаш во нашите молитви да бараме да биде волјата Божја, а не нашата. Амин! 

  

Митрополит Тимотеј

Петта недела од Великиот пост
01.04.2012 година, ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

5nedvelpo2012

5nedvelpo2012 2

5nedvelpo2012 4

5nedvelpo2012 6

5nedvelpo2012 8 1

5nedvelpo2012 10 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1