„Денес од неплодната Ана произлезе цветот Богородица, која ги исполнува сите краишта на светот со божествена благопријатна миризба, и со радост сето создание го исполнува. Неа воспевајќи ја, достојно ја славиме, како повисока од сите родени на земјата“ (светилен на Утрена на празникот Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Рождеството на Мајката Божја продолжи на 21 септември 2024 година, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Олулу г. Илија од Црквата во Финска, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, светогорскиот старец Антипа заедно со неговиот собрат, архимандритот Доситеј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Александар Матески, Роберт Илијевски и Александар од Црквата во Финска, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ероѓаконот Силуан и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денеска нашата света Црква го прославува раѓањето на Мајката Божја. Таа денеска се прославува со славословија, величанија и духовни песни, во кои наоѓа место величието на нејзиниот призив во овој свет. Таа е почитувана како почесна од херувимите и пославна од серафимите, и како повоспевана од ангелите и подостојна од сите небесни сили. Пред нејзиното величие се поклонуваат сите човечки поколенија и секое смирено срце принесува молитвен поздрав, пеејќи: Радувај се благодатна, Господ е со тебе. Во тој ангелски поздрав, постојано повторуван од верните, се открива една спасоносна вистина на нашата вера. А тоа е дека од неа, осенетата од Светиот Дух, се родил во светот Спасителот на човечкиот род, Господ Исус Христос. Од нејзината пречиста утроба, како од сокриен извор на човечките надежи, изгреало Сонцето на правдата. Од неа, како прибежиште на слабите и немоќните, нагоре се издигнува скала која достигнува до Божествените височини. Од неа, како пристаниште на носените од бури, се префрла мост кон брегот на живот во Бога.

Таа е Пречистата Мајка на нашиот Господ Исус Христос и затоа е и наша општа мајка во духовна смисла. Нејзиното мајчинско срце е свртено кон Црквата Божја и се јавува на сите молитвени повици и барања, кон секое страдање и повик за помош. Ете зошто светата Црква го воспева нејзиното раѓање, што денеска го прославуваме како радост на целата вселена. Зашто од Пречистата Дева засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој, откако ја разурна клетвата, ни даде благословение; а откако ја уништи смртта, ни дарува живот вечен (тропар на Рождество на Богородица).

Речиси во сите случаи кога Бог испраќа Свои пратеници во светот со посебна мисија за откривање и за исполнување на Неговата волја, тие се раѓаат во некои возвишени услови, а некогаш и во најобични и бедни и понижувачки. Така и Господ Исус Христос се родил во овчарска пештера во Витлеем, а св. Јован Крстител од престари родители. И Пресветата Дева Марија се родила како дете на ветување, бидејќи нејзините стари и бездетни родители Јоаким и Ана ја родиле при необични услови, откако примиле Божјо благоволение да станат родители на Пресвета Дева Марија. И тука Божјата благодат ја разврзала заклучената утроба на Ана, за да се роди благопријатен и прекрасен крин во Божјата градина – Пресветата Дева Марија. Светата Црква го слави нејзиното раѓање како радост на целата вселена, во која сите верници се соучесници. Каква е таа радост што толку силно и неизминливо ја изградила за мноштво верници во текот на повеќе од дваесет века? Таа радост е Самиот Господ Исус Христос, радост што ја надминува секоја друга радост за синовите на земјата.

А каква радост бараат синовите на Земјата? Тие бараат здравје, сила, убавина, богатство, веселење... Навистина, на земјата тие дарови не се така чести и секој човек само за кратко време може да се радува на некои од нив. Но, нема сомневање дека тие се радост во животот. Но, колку и да се радост сите овие нешта, мораме да признаеме дека се краткотрајни. Има една радост, пак, што доаѓа од непресушниот Извор, од Господа Исуса Христа. Имено, таа радост доаѓа преку Пресветата Дева, која ѝ ја донесе на целата вселена, зашто таа Го роди непресушниот Извор на радоста. Во тивката ноќ на небото изгреала чудна ѕвезда, која го објавила раѓањето на Господа Исуса Христа. Ангелите Божји им ја возвестиле на пастирите добрата и блага вест за човечкиот род – спасението: Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе (Лк. 2, 10). Ангелот Божји ја поздравува Земјата со радост, бидејќи доаѓањето на Господа Исуса Христа означува и пресоздавање на животот во силата на Светиот Дух и создавање на услови за една непрекината радост.

Преку Исуса Христа ние примаме полна радост во животот, зашто Он е Сонцето на правдата, преку Чии зраци примаме излекување на сите наши немоќи (Мал. 4,2). Затоа и Христос вели: Јас сум светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот (Јн. 8, 12). Токму од тоа Сонце на правдата ние примаме светлина и радост.

Затоа и денешниот празник е радост за сите луѓе, онака како што пее и светата Црква, славејќи го рождеството на Пресветата Божја Мајка. Се радува Божјата Црква по целата вселена, се радуваме и ние, во очекување дека раѓањето на Божјата Мајка ќе засветли и во нашата животна судбина, та секогаш да бидеме во нашиот христијански радосен повик.

Да се обратиме со молитва кон Пресветата Дева Марија, Мајката Божја, која денес ѝ носи радост на целата вселена. Со молитвени чувства да ја примиме таа радост и со смирени срца да се поставиме под покровот на Пречистата, та секогаш да бидеме заштитувани од секое зло и искушение. Така, цврсто да прибегнеме во радоста и утехата како оние кои го очекуваат благоволението на Господа Исуса Христа, нашиот Бог, Кој, откако ја разруши клетвата и ја уништи смртта, ни дарува живот вечен. Амин.

                                                                                                                                           Рождество на Пресвета Богородица

ман. „Пресв. Богородица – Пречиста“, Кичево

                                                21.09.2024 г.

 

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 016

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 017

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 018

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 019

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 021

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 022

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 026

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 028

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 030

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 037

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 039

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 040

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 041

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 042

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 043

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 044

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 046

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 047

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 048

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 052

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 055

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 061

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 062

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 067

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 071

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 072

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 075

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 076

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 077

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 078

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 080

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 082

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 085

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 086

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 088

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 091

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 092

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 093

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 094

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 095

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 096

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 097

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 099

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 100

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 103

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 104

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 105

rozhdestvo na bogorodica prechista 2024 109

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1