„Откако ја прими од Бога благодатта на премудроста, сечесен Науме, и мноштво Македонци ги научи на благочестието, ти си темел и тврдина на православието, и украс на сите преподобни испосници. Имајќи смелост пред Господа, моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец).

 

Таткото на македонското монаштво, собратот на светиот Климент, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец и оваа година беше торжествено празнуван во Светинаумовиот манастир, во манастирот од каде се точеле и точат безброј исцеленија, од каде се чувствува мирисот на Божествениот несогорлив темјан на благодатта. По повод споменот на овој наш Црноризец, на 04 јануари 2025 година, во вечерните часови, беше отслужена Вечерна богослужба, на која по благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Марко Спасовски и протоѓаконот Константин Донев. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Иларион се обрати со кратко поучно слово до присутните верници. 

 

Прославувањето на преподобниот Наум продолжи утредента, на 05 јануари 2025 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Иларион, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Атанас Казанџиски, Сашо Ристески, Димче Азески и Марко Спасовски и протоѓаконот Константин Донев. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Иларион се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, во којашто се задржа на животот и делото на преподобниот Наум, на неговата заслуга за Црквата Христова, како и за важноста за учеството на христијаните во активниот живот на Црквата, односно во Телото и Крвта Христови. 

 

prepnaumzim25 1

prepnaumzim25 2

prepnaumzim25 3

prepnaumzim25 4

prepnaumzim25 5

prepnaumzim25 6

prepnaumzim25 7

prepnaumzim25 8

prepnaumzim25 9

prepnaumzim25 10

prepnaumzim25 11

prepnaumzim25 12

prepnaumzim25 13

prepnaumzim25 14

prepnaumzim25 15

prepnaumzim25 16

prepnaumzim25 17

prepnaumzim25 18

prepnaumzim25 19

prepnaumzim25 20

prepnaumzim25 21

prepnaumzim25 22   

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1