„Оној што држи сè, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение; жените, пак, викаат: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне“ (икос на Велика Сабота).

Sports brands | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite


Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Легнувајќи во гробот и слегувајќи во адот, Сесилниот ги крши клучевите на смртта и им го проповеда на мртвите вистинското избавување. „Откако во шестиот ден го пресоздаде распадливиот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во овој седми ден повторно се одмори и, по завршените дела, заспа со животворен и спасителен сон“.
На 13.04.2012 година, на Велики Петок вечерта, кога Го оплакуваме Христа Распнатиот и го пееме Неговото опело, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во сослужение на протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Кирил Јованоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски.  

velpet2012 1

velpet2012 3

velpet2012 5

velpet2012 7

velpet2012 9

velpet2012 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1