„Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна“ (прв ирмос од канонот на Пасха)

Во светата и Велика Недела на Пасха го празнуваме споменот на живоносното Воскресение на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Он го избави човечкиот род од утробата на адот и го возведе на небесата, и го приведе кон древното достоинство на нераспадливоста. Поради тоа и ние се радуваме и се веселиме на Неговото Воскресение, зашто и нас ни даде залог да совоскреснеме со Него и да се соединиме со Бога.

Mysneakers | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

На овој најторжествен ден, кој го прославивме на 15.04.2012 година, Христовото Воскресение беше свечено прославено во сите храмови на нашата епархија, а централната прослава беше во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, каде беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Литургијата беше присутен и г-дин Трајко Велјаноски, претседател на Собранието на Р. Македонија. Мноштво народ го посети ова наше Светиклиментово светилиште, а многумина од нив и ги примија светите Дарови. Пред почетокот на Литургијата беше прочитано и посланието од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, меѓу другото, им порача на сите верни:

Благочестиви чеда на нашата Света Црква,
И во оваа прилика сакаме да ја упатиме нашата архипастирска порака до вас, дека со помош на Божјата благодат, по молитвите на светите Климент и Наум и сите светии и борци за наша духовна слобода, треба да растеме во верата и љубовта, за на тој начин да Му принесеме на Бога соодветни духовни дарови.
Испраќајќи ви го нашиот архипастирски благослов по повод Воскресението Христово, ви ја пренесуваме Христовата порака за мир и љубов. Му се молиме на Воскреснатиот Христос да нè дарува богато со Својата благодат и да нè поткрепува во нашиот живот, та со чисто срце, единодушно и цврсто стоејќи во нашата православна вера да ја објавиме на сите најрадосната вест, дека
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


vel2012 1

vel2012 3

vel2012 5

vel2012 7

vel2012 9

vel2012 11

vel2012 13

vel2012 15

vel2012 17     

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1