„Христос нашиот Спасител, откако на Крст го прикова списокот на нашите гревови, го избриша, и силата на смртта ја уништи. Се поклонуваме на Неговото тридневно воскресение“ (стихира на Господи повикав во Неделата на Пасха вечерна).

Според обичајот и правилата на нашата света православна Црква, во Неделата на Пасха вечерта, се служи вечерна богослужба, настан кој е познат и по називот Второ Христово Воскресение, но и по читањето на Евангелието на разни јазици. Традиционално, оваа богослужба се изврши во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, кој освен што блеска со својата монументалност и величие, на овој ден засветли и од големата река православен народ, кој со радост во срцето и душата, дојде да го прослави Христовото Воскресение. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше нашиот архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик.  Во негово сослужение беа архимандрит Нектариј (француски јазик), протоереј-ставрофор Ефтим Бетински (англиски јазик), протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), протоереј Игор Никовски (македонски јазик), еромонах Доситеј (албански јазик), свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик) и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита Празникот над празниците на сите верни чеда и традиционално, им подели по едно црвено велигденско јајце.

Христос воскресе!

latest Running Sneakers | Autres

vtorovos2012 1

vtorovos2012 3

vtorovos2012 5

vtorovos2012 7

vtorovos2012 9

vtorovos2012 11

vtorovos2012 13

vtorovos2012 15

vtorovos2012 17

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5