На ден 20.04.2012 година, го прославивме споменот на обновувањето на храмот, кој се наоѓа над чудотворниот извор, посветен на Пресвета Богородица во Цариград, од чија вода многумина добиле исцеление. На овој ден, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше извршена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Никола Христоски се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running sport media | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

свештеник Никола Христоски

Ваше Високопреосвештенство! Ваше Високопреподобие! Чесни отци, браќа и сестри во Христа!

Христос воскресе!
Смртта, за првпат, во христијанскиот опит се разоткрива во својата длабочина на својот трагизам како ужасна метафизичка катастрофа, како таинствена несреќа на човековата судбина. Човековата смрт не е само некој „природен“ крај, нити дел на сè минливо и привремено. Напротив, смртта е потполно спротивна на природата, зашто „Бог не ја создаде смртта“ (Мудр. 1,13).Во Божествената замисла за создавањето на светот немало место за смртта. Да се умре било нешто ненормално и неприродно за човекот. Затоа смртта претставува кулминација на човековата богоотуѓеност и најниска можна точка на човечкото уништување и обезобразување. Но, во христијанството, тајната на животот, се открива единствено во тајната на смртта.

Христијанската благовест од почетокот била благовест за спасението. За Господ сведочеле, пред сè, како за Спасител, Кој ги искупил Своите луѓе од ропството на гревот и трулежноста. Смислата на спасението, пак, Црквата ја гледа во обновувањето на нарушената заедница на човекот и Бога, а тоа подразбира дека Искупителот, истовремено, е и Бог и човек, т.е. Богочовек. Но, патот од Витлеем до Вознесението  е долг и води преку Гетсиманија и Голгота. Господ всушност и се раѓа поради Крстот: „Но, заради тоа и дојдов за овој час“ (Јн. 12,27). Во Својата Личност, Господ Исус Христос, ги соединува Божествената и човековата природа. Како Бог, Он е овоплотениот заради нас, а како човек, Он е Умрениот и Воскреснатиот. Овоплотувањето на Бога без воскресението на човекот и укинувањето на смртта, би претставувало непотполна вистина, односно Богојавление без никаква егзистенцијална врска со човекот, т.е. со неговиот живот.

Кажано со други зборови, слегувањето во адот е воскресение за серодниот Адам. Со Своето слегување во адот, Христос ги крши вратите на пеколот и со тоа го воскреснува сиот род човечки и во тоа е победното торжествување на Воскресението. Родот човечки совоскреснува со Христа, но не во таа смисла дека сите станале од гробовите, зашто смртtа и понатаму се случува, но сега укината е безнадежноста на умирањето, обессилена е смртта. Затоа и свети Јован Златоуст вели: „Вистина, ние и сега умираме со претходната смрт, но не остануваме во неа; и тоа веќе не значи да се умре. Силата на смртта и власта на смртта е во тоа умрениот веќе да нема можност да се врати во живот. А, ако тој после смртта ќе оживее, и тоа во подобар живот, тоа веќе не е смрт,туку сон“.

Воскресението е лек и обнова на природата и поради тоа сите ќе воскреснат и ќе се вратат во психофизичката полнота на битието, иако изменето. Од сега, секое разовоплотување во светот е само привремено. Тоа се остварува со силата на Крстот, а преку уништувањето на адот.

Но, во спасението неопходно е да ги разликуваме лечењето на природата и лечењето на волјата. Природата се лечи неоспорно, со силата на милоста Божја. Во Христа се исцелува потполно сета човечка природа и оздравува од смртноста. Тоа оздравување ќе се открие и при сеопштото воскресение, во воскресението на сите. Но, самата волја на човекот не може да биде исцелена со сила. Волјата човекова се лечи само во подвиг и слобода. Само преку подвигот, човекот влегува во тој нов и обновен живот и влегува во него по пат на доброволно умирање со Христа.

Тајната на Крстот и Воскресението Христово, Црквата ги доживува како пат и начин преку кои секој човек станува причасник на Божествениот живот, бесмртноста и пропадливоста. Христос ја спаси и исцели човековата природа, но не ја укина нашата слобода, зашто Бог не е тиран и узурпатор. Секој од нас, како личност, во сета своја од Бога дадена слобода, треба да каже ДА на Бога и да земе учество во спасението, онака како што и Пресветата Владичица Богородица му кажа да на Бога преку Архангелот Гаврил и стана Живоносен Извор, преку кој многумина најдоа лек, прошка, исцелување, утеха и воскресение.

Сите ние да го земеме својот крст и преку него да учествуваме и во воскресението, а со тоа да Му ја возвратиме љубовта на Бога, „Кој толку го возљуби светот, што Го даде и Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јн. 3,16).

„О, Пасхо, велика и најсветла, Христе! О, Мудрост и Слово Божјо, и сило! Дај ни целосно да се причестуваме со Тебе во беззалезниот ден на Твоето Царство!“
Христос воскресе!

Источен Петок - Балаклија
20.04.2012 година, храм „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид

ISTPET2012 1

ISTPET2012 3

ISTPET2012 5

ISTPET2012 7

ISTPET2012 9

ISTPET2012 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1