Прославувањето во чест на св. вмч. Георгиј не запре само на денот кога го прославуваме овој храбар војник Христов. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2012 година, денот после Ѓурѓовден, продолжи торжествувањето на славниот светител. Утрото, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереите Темелко Донески, Митре Попоски и Игор Никовски, свештеникот Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.

Buy Sneakers | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

Празнувањето продолжи во вечерните часови со свечена вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, а во сослужение на повеќе свештенослужители од нашата епархија. По завршувањето на вечерната, беше отслужен Парастос во спомен на ктиторите на храмот и големите духовни водачи на овој град. Веќе трета година по ред градот е преплавен од толпа народ, кои украсени со светите Христови оружја – крстот, чудотворната икона на светиот великомаченик и неговите свети мошти, го обиколува градот со пеење на победната Христова песна, придружени од прекрасните звуци на оркестарот при МКЦ – Скопје. Оваа година, благословот да ги носат моштите го добија почитуваните Тони Маркоски, Момчило Аврамоски, Воислав Димоски и Сашо Цветковски.

По завршувањето на вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј го поучи многубројниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Христос воскресе!

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска се собравме во овој свет храм, посветен на св. вмч. Георгиј Победоносец, за да го прославиме овој голем маченик и светител. Неговиот живот нè потсетува на нашиот христијански долг дека ние живееме на овој свет за да спечалиме вечен живот кај Господа.

Како што знаеме, свети Георгиј го завршува својот овоземен живот со маченички подвиг и ја потврдил својата вера. Но, тоа не значи дека Господ од нас и денеска бара мачеништво и измачување за да го посведочиме нашето верување и нашата припадност на Црквата Христова.

Но, можеби некој ќе си го постави прашањето: а што значи тоа да се живее со Христа Бога? Да се живее со Христа, за оној кој верува во Спасителот, значи да се  верува во Господа како Извор на благодатта, без која ние сите би погинале заради нашите гревови. Христијанинот верува во Господа како во праведен Судија и Наградител, Кој има власт над нас да нè прославува, или, пак, да нè понижува, односно да нè фрли во вечни маки. Вистинскиот верник живее со Христа и за него Господ Исус Христос е свет живот, утешение, радост, блаженство, насладување и највисок пример за подражавање. Можеби некој помислува дека преданоста и оданоста во следењето на Христа ќе му попречи и посмета во овоземниот живот, како на личен - семеен, така и на службен план. Но, не е така. Напротив, оној кој оди по Христа и Го следи, а и го прославува Неговото свето име, него Господ го благословува во сите негови потфати и работи. Тој ги осветува неговите дела, зашто Господ го благословува и го гледа како Свое верно чедо и сите негови почетоци и зафати Господ помага да бидат завршени и навреме и успешно. Но, што е најважно, пак, него Бог, преку трудот и работата, го крепи и води на патот кон вечниот и блажен живот.

Драги браќа и сестри!

Ако живееме со Христа и според Христа, ние ги спасуваме и нашите души, се разбира со помошта Божја. И покрај сите наши слабости и немоќни сили, ние како христијани тежнееме и чезнееме кон поголемо совршенство, односно кон светоста. Дали можеме да допуштиме да си помислиме дека Божјите угодници би ја прекратиле таа врска со нас? Никогаш! Тие обитаваат во небесната Црква, а ние претстоиме во земната Црква. А и небесната и земната Црква се Телото Христово, а тоа значи дека ние сме дел од таа небоземна Црква. Па ако Божјите угодници се молеле за нас додека биле во земната црква, нема ли сега, кога претстојат пред Престолот Божји, уште посилно и посмело да се молат за нас и да ни помагаат во спасението на нашите души? Ако тие за време на земниот живот ги сакаа луѓето и ја пројавуваа нивната љубов, зарем сега кога се наоѓаат во љубовта Божја и кога Го созерцаваат самиот Господ, нема уште повеќе да ја покажат таа љубов кон нас? Ние веруваме дека тие непрестајно се молат за нас, за и ние да живееме со Христа во нашите души и да се научиме да Го подражаваме нашиот Спасител и Неговите свети Божји угодници. Подражавањето се состои во угледувањето и зачувувањето на верата, трпението, љубовта, покајанието, смирението, незлобата. Ние, како христијани, имаме долг да се грижиме да не погине ниедна душа, бидејќи кај секој еден од нас постои „печатот на дарот на Св. Дух“, кој сме го примиле за време на светата тајна Крштение. Потребно е секој еден од нас со тој печат да се претстави пред лицето на Бога, кога еден ден ќе го напушти овој свет.

Ние веруваме и цврсто се надеваме дека на патот на нашето спасение ни помагаат молитвите на Божјите угодници на кои со искрена вера и молитва им се обраќаме. Секој еден има своја причина да биде благодарен на еден или на друг Божји угодник кој го почувствувал во својот живот како брз помошник. Затоа сите ние им ја искажуваме и нашата благодарност, но истовремено и ги молиме тие да се застапат и да Го молат нашиот Спасител Господ Исус Христос да не го оддалечува Неговиот благослов заради нашите гревови и престапи, туку да ни помага, па преку покајанието и молитвата секогаш да  Го имаме Господа Христа во нашите срца и души.

Денеска ние отслуживме и парастос за сите ктитори, приложници, свештенослужители, епитропи, псалти и верници, кои  се молеле и служеле во овој свет храм. Тие се денеска во небесната црква. Но, и тие се молат за нас и со нас во горната црква, за свети Георгиј да биде наш заштитник, чувар пазител, помагач, та да можеме нашиот животен пат достоинствено и христијански да го изодиме и да добиеме вечен и блажен живот. Веќе втора година стружани, како и други верници кои имаат желба и можност, се поклонуваат и ги целиваат светите мошти на свети Ѓорѓи, кои се донесени од нашиот прекрасен манастир „Свети Георгиј“ од Рајчица, Дебарско. Во литијно одење со чудотворната икона на свети Георгиј и неговите свети мошти и оваа година ќе го направиме опходот, онака како што ни го оставиле нашите предци, за што им искажуваме благодарност сега и во сета вечност.

Христос воскресе!

   

Митрополит Тимотеј

Еордија во Струга

07.05.2012 година, храм. „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга

ord2012

ord2012 2

ord2012 4

ord2012 6

ord2012 8

ord2012 10

ord2012 12

ord2012 14

ord2012 16

ord2012 18

ord2012 20

ord2012 22

ord2012 24

ord2012 26

ord2012 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1