„Ја видовме вистинската Светлина, Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна и се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас“ (стиховна стихира од вечерна на Педесетница).

Во осмата недела по Пасха ја празнуваме светата Педесетница. Прославувајќи го овој свет празник, Го примаме Светиот Дух, Кој нè упатува на секоја вистина и ни го дава законот. Овој празник е исполнување на ветувањето на Спасителот дека нема да ги остави Своите ученици сами и дека ќе им Го испрати Светиот Дух. Овој ден, всушност претставува раѓање на Црквата, која е Тело Христово и кораб, во кој многумина наоѓаат мир и спасение. Затоа „Сесвети Духу, Кој исходиш од Отецот, и преку Синот дојде врз неписмените ученици, спаси ги оние што Тебе како Бог Те познаа, и сите помилуј ги“.

Nike Sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

На 03.06.2012 година, денот кога го прославивме овој голем празник, света архиерејска Литургија беше отслужена во храмот „Пресвета Троица“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештеник Ромео Петрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Според Типикот на православната Црква, по завршувањето на Литургијата, беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани трите молитви за призив на Светиот Дух. Митрополитот Тимотеј им се обрати на верните со пригодно слово, а беше извршена и литија околу храмот. На крајот беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. 

REX 086

REX 140

REX 152

REX 172

REX 209

REX 215

REX 220

REX 364

REX 284

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1