На ден 22.07.2012 година се изврши осветување на новиот храм посветен на свети Атанасиј Велики во с. Белчишта, Охридско. Според каноните на православната Црква, осветувањето беше извршено пред светата Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Душан Јорданоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше поставен трпеза на љубовта за многубројните верни кои дојдоа да присуствуваат на овој свечен чин и да му се помолат на свети Атанасиј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sportswear Design | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Денеска сме собрани во овој мал но убав новоосветен храм посветен на светиот Атанасиј Велики. Градењето на дом Божји е многу значајна и одговорна работа за секој народ  и поединец. Храмот е место каде што претстојува Бог, каде што се разделуваат светите Тајни на црквата Христова и каде што обилно се излева благодатта Божја, односно сила Божја врз верниците и на сите оние што со вера, со молитва, со искреност бараат помош, поткрепа, утеха, покажување на патот и утврдување во верата. Не е доволно само да се изгради и украси домот Божји, односно црквата, туку е потребно и да се живее според начелата што ги бара нашта вера. Бог не живее во ракотворни храмови. Никакво внатрешно украсување и позлатување или било какви скапоцености не го спасуваат човекот, колку самиот човек не постане храм Божји во кој се вселува Светиот Дух.

Храмовите Божји се изградуваат за да нè потсетуваат и да нè водат во нашиот живот кон вистинскиот пат, доколку ние живееме според принципите на црквата Божја. Доколку, пак, ние живееме како јазичници или незнабожци, дали порано или подоцна ние на себе ќе го навлечеме гневот Божји. За тоа ни сведочи историјата, кога многу цркви и наши манастири се понижуваа, осквернуваа и разрушуваа и тоа од луѓе кои што формално беа крстени но немаа ништо заедничко со верата со црквата и со животот што го бара Господ Исус Христос. Но, на таквите луѓе им се заборава името и во историјата влегуваат како злобни и пакосни, а за разлика од тоа луѓето коишто граделе, украсувале тие се овековечуваат не само со записи и натписи во земнава црква, туку нивните имиња се запишани во небесната книга пред престолот на Севишниот Бог, коешто е многу потрајно, поважно и вечно.

Моралното отстапување и неживеење според принципите на нашата вера и на нашата вродена совест придонесува за отстапување од Бога и за менување на тезите доброто со лошото, правдата со лагата и слично. Тогаш и Бог се оддалечува од нас и ги прекратува Неговите благодатни сили и нè остава да тонеме во грев, во отстапништво, во богохулие, во меѓусебно уништување и слично. За тоа н# учи уште Стариот Завет. Свети Мојсеј кој бил удостоен да ги прими Божјите заповеди на гората Синај, народот Јудејски отстапувајќи од едниот и вистинскиот Бог направил златно теле и почнал да му се клања. Мојсеј кога разбрал за ова ги искршил таблиците со 10 Божји заповеди и молејќи го Бога да му опрости него и на неговиот народ бидејќи бил свесен дека е нарушен заветот помеѓу Бога и луѓето. Ако ние се загледаме во Стариот Завет, иако е тоа многу далечна историја, ќе видиме дека тој народ којшто паднал во богоотстапништво, повторно нашол нови страдања, нови измачувања, нови странствувања заради тој грев. Нашиот народ денеска честопати си поставува други богови пред себе, се разбира не како Стариот Завет со правење на идоли, но честопати, богатството, власта и достоинството ги валоризираат до степен на божество. Па од таа причина некој се спремни сè да покорат и да подредат на тие нивни идеали, погазувајќи ги сите етички и верски принципи само за да ги остварат личните амбиции. Но, токму во таа потреба во таа трка за стандард и конфорт луѓето во најголем дел отстапуват и од Бога и од луѓето и прават грешки кои се катастрофални по нивниот живот и спасувањето на нивните души.

Ние денеска кои сме собрани во овој прекрасен храм, да се поучиме од примерот на старозаветниот народ, од времето на пророкот Мојсеј, како и се поблиската историја на нашиот народ и да не отстапуваме од Христовиот пат, од црквата и од верата, бидејќи тие начела што ги проповеда црквата се единствено вредни засекогаш и со нив ако живееме и го раководиме нашиот овоземен живот Божјата милост и човекољубие и Неговата сила и моќ, која се дава преку благодатта, ќе ни помогне во сите страдања, во сите искушенија, во сите препреки што н# снаоѓаат во нашиот живот да можеме полесно и побезболно да ги надминуваме.

Да се обратиме со искрена молитва и кон свети Атанасие, на кого е посветен овој храм, тој со неговата молитва и сила пред Бога да биде наш молитвеник и застапник, та сè што просиме Бог да ни даде за прослава на Триединиот Бог, а за спасение и вечен живот на нашите души.

На сите што помогнаа во градбата, во разубавувањето, украсувањето и во организирањето на оваа свеченост да им искажеме топла благодарност за сè што направиле и од Бога благослов и милост и возвраќање Божјо за сè она што го жртвувале за името Божјо. На покојните вечен покој, а на живите здравје,  милост и долг праведен живот. Амин.

22.07.2012 година, храм „Св. Атанасиј Велики“ с. Белчишта, Охрид

OSVBEL2012

OSVBEL2012 2

OSVBEL2012 4

OSVBEL2012 6

OSVBEL2012 8

OSVBEL2012 10

OSVBEL2012 12

OSVBEL2012 14

OSVBEL2012 16

OSVBEL2012 18

OSVBEL2012 20

OSVBEL2012 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1