„Дојдете сите краишта на земјата, духовен хор да составиме, и да ја воспееме девствената маченица Христова, велејќи: Радувај се, преподобна Параскево, од Бога возљубена! Радувај се ти, која толку добро сведочеше! Радувај се, сожителко на светите монахињи, од редот на маченичките! Моли се со нив да се спасат душите наши“ (стихира на стиховни на Вечерна на преподобната маченица Параскева).

Running sports | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Верниот македонски народ отсекогаш ги признавал и уважувал жртвите на големите подвижници и маченици, но и секогаш достојно ги слави. Во нашиот крај, пак, особено голем е култот на преподобната маченичка Параскева Римјанка, која со голема усрдност се грижела на дело да ги исполни заповедите Божји. Разделувајќи го својот имот на сиромасите, преподобната Параскева се замонашува и со голема ревност ја проповеда верата Христова, иако живеела во време на големи прогони на христијаните. Изведувана пред судови, многупати мачена, но одново исцелувана и спасувана од Единиот Бог, преподобната Параскева конечно била погубена од некој кнез Тарасиј кој ја обезглавил со меч. Славно завршувајќи го својот плоден живот во вториот век, еве деветнаесет века, Господ и верниот народ не дозволил нејзиниот спомен и нејзиното сведочење да бидат заборавени. Напротив, нејзиниот култ од година во година сè повеќе се зголемува, а и преподобната не го заборава својот народ и многупати го посетува и му помага.

На 08.08.2012 година, денот кога ја прославуваме преподобната маченичка, во параклисот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, свештеник Димче Азески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а свештеникот Димче Азески им подели нафора на присутните.

Со особена чест и торжества, оваа наша молитвеница и застапница, се слави и во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, каде што секоја година реки од верен народ, од сите краишта од земјава и од странство, доаѓаат да се поклонат и да се помолат на преподобната. Прославата во манастирот беше крунисана со света Литургија, на која сослужуваа протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Томислав Илиески и Игор Никовски и свештениците Никола Кипријанов и Владо Недески. Радувај се маченице многустрадална. Амин!

SVPETL2012

SVPETL2012 2

SVPETL2012 4

SVPETL2012 6

SVPETL2012 8

SVPETL2012 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1