„Војводата на Светите бестелесни сили, Кој се бори за нас, те избра тебе свети оче Клименте, за прогонител на бесовската темнина со евангелската светлина во словенските земји. Затоа ние, твоите чеда, кои се просветија со твојата проповед, ти оддаваме пофалби пеејќи: Радувај се, свети оче Клименте, Охридски чудотворче, рамноапостолен просветителе на словенскиот род“   (прв Кондак на Акатист на свети Климент Охридски).

Adidas shoes | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

Не поминува ниту дел од денот, а верните да немаат свој застапник, заштитник и молител пред Бога. Откако ја прославивме преподобната Параскева, денеска торжествено му се помоливме уште на двајца други светии, едниот - големиот целител и великомаченик Пантелејмон, а другиот - нашиот духовен татко и основоположник на нашата света Македонска православна црква, великиот апостол на словенските земји, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. Славниот спомен на оној кој ги упатуваше народите кон верата Божја и го поучуваше народот и свештенството, и оваа година, со најголеми почести беше прославен во Светиклиментовиот манастир, на Плаошник во Охрид, каде и почиваат неговите исцелителни мошти.

Прославата започна со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На вечерната беше отпеано и петолебието, а по завршувањето на вечерната беше прочитан и Акатистот на свети Климент Охридски.

Утредента, на 09.08.2012 година, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерите Томислав Илиески, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, еромонахот Доситеј, свештениците Кирил Јованоски, Никола Христоски, Димче Азески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Следејќи ги стапките на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, од чија рака постојано се раѓаа работници на нивата Божја, нашиот Митрополит Тимотеј, на Божествената Литургија благоизволи да го ракоположи во ѓаконски чин богословот Сашо Целески. Сашо е роден во Охрид на 15.04.1981 година од благочестиви православни родители. По завршувањето на основното училиште, се запишува во Македонската православна богословија, која со одличен успех ја завршува во 2000 година. Истата година се запишува на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а по завршувањето на додипломските студии, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се запишува на Ориенталниот институт во Рим, Италија, каде успешно ги заврши магистерските студии по Канонско право. Во моментот е докторанд на истиот институт и е вработен како асистент по Црковно право на Православниот богословски факултет во Скопје. Од името на нашата епархија му го честитаме ѓаконскиот чин на нашиот брат во Христа и се молиме Милостивиот Господ секогаш да го крепи во неговата служба. Амин!

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света православна Црква го прославува својот патрон, големиот учител и покровител на македонската земја и Црква, свети Климент Охридскиот Чудотворец. Свети Климент засветлува над македонската земја во втората половина на деветтиот век и првата деценија на десеттиот век. Неговата дејност, мисија и улога како учител и проповедник на словото Божјо, токму на овие простори, ќе остават длабоки и неизбришливи траги во сите овие изминати единаесет века. Додека, пак, како архиереј на оваа епархија, свети Климент ќе организира севкупен црковен живот, кој уште повеќе словото Божјо ќе го всади, вгради и утврди кај својата словесна паства.

Во светото Евангелие ги слушнавме зборовите за добриот Пастир и за тоа како овците Го слушаат Неговиот збор и одат по Него (Јован 10,7-16). Оние што ја имале таа среќа или несреќа да живеат на село и да се занимаваат со одгледување, односно пасење овци, знаат дека таа должност на пастирот или овчарот не е ни најмалку лесна. Господ Исус Христос својата паства, односно своето поверено стадо, го споредува со ова несловесно животно. Некој ќе постави прашање зошто Господ Исус Христос ја употребува оваа паралела  и зошто разумното суштество, како што е човекот, го споредува со неразумно животно? Во никој случај Господ Исус Христос не смета дека човекот е глупав и неразбран, како што не смета ниту дека овцата е поглупаво од останатите животни. Семилостивиот преку оваа паралела сака да ни укаже дека ова животно често пати се раководи според инстинктот и каде што оди една овца, одат и другите без многу размислување и без слушање на гласот на својот овчар, односно ја следат првата. Преку оваа паралела Господ Исус Христос нè опоменува нас како разумни суштества и ние да не се раководиме според ниските чувства и инстинкти и според овоземните сугестии, пораки, размислувања, соблазни и страсти, кои нè оддалечуваат од гласот Божји, од гласот на свети Климент, од гласот на Црквата, од гласот на правдата, од гласот на вистината и од сè она што нè прави разумни и одговорни суштества. Ние, како словесни суштества, сме должни да го слушаме гласот Божји, гласот на свети Климент, гласот на светата православна Црква, а тој се пројавува и говори преку устата на архиереите, на свештенството, на монаштвото и на верните чеда на Светиклиментовата православна Црква.

Денеска има многу гласни проповедници и сеачи на лажни учења, на лажни вредности, на лажни патишта, кои постојано ни ги сервираат и нудат преку медиумите, како електронските, така и пишаните, а сè со цел да го загушат вистинскиот глас на Црквата и на свети Климент. И иако може да се случи да не ги знаеме законите и прописите и да сме без основното теолошко образование, сепак, Господ нашиот Бог кај секој разумен човек всадил природен закон којшто нè упатува кон она што е вистинско, вредно, достоинствено и достојно за почитување и уважување. Да правиме разлика помеѓу доброто и злото, помеѓу правдата и лагата, помеѓу вредното и преодното  и трајното и нетрајното. Свети Климент целиот свој живот го посветил за да го научи своето словесно стадо на овие вредности, утврдувајќи ги во вистината Христова и затоа тој се појавува и како македонски Мојсеј, кој го води нашиот народ преку долгата, мачна и тешка Голгота, утврдувајќи го во верата, а, истовремено, и бодрејќи го да истрае и да ја сочува не само верата, туку и сите други трајни вредности, кои нè издигнуваат и укрепуваат во сите искушенија, маки и страдања, а за да го сочуваме ликот и образот достоинствен, онаков каков што Бог ни го даде.

И денеска кога го прославуваме свети Климент заедно со останатите Седмочисленици, како и светиот великомаченик и целител Пантелејмон, да се поучиме од нивните животи и од нивните постапки, та да одиме по вистинскиот христијански пат, кој е тесен и трнлив, но единствен спасоносен и кој нè води во Царството Небесно. Да се обратиме со искрена молитва кон светите Климент и Пантелејмон, тие да бидат наши молитвеници пред престолот на Севишниот, за да ни ја зацврсти верата, да ни ја умножи љубовта, за да ни го отвори разумот, па да можеме да го слушаме гласот на свети Климент, односно гласот на Црквата и да одиме по Христа преку правење на добри дела и да спечалиме вечен и блажен живот. Амин!

Ја користиме оваа прилика и на новоракоположениот ѓакон Сашо Целески да му го честитаме ракополагањето во ѓаконски чин и да му посакаме Господ нашиот Бог и свети Климент да го укрепат во неговата служба, та достоинствено и чесно да го носи ѓаконскиот чин, или, како што вели охридскиот народ, со бел образ и чиста душа, за прослава на севишниот Бог, за просперитет на Светиклиментовата Македонска православна црква, а за спасение на неговата душа. Честито и од Бога благословено. Амин!

Свети Климент и Пантелејмон

09.08.2012 година, ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

svkliml2012

svkliml2012 2

svkliml2012 4

svkliml2012 6

svkliml2012 8

svkliml2012 10

svkliml2012 12

svkliml2012 14

svkliml2012 16

svkliml2012 18

svkliml2012 20

svkliml2012 22

svkliml2012 24

svkliml2012 26

svkliml2012 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1