„Пред Твоето распнување на крст, Господи, ги зеде Твоите ученици на Гора висока и пред нив се преобрази, озарувајќи ги со светлината на Твојата сила, со Твојата власт и човекољубие, сакајќи да им ја покажеш светлината на воскресението. За него удостој нè и нас во мир, Боже, како милостив и Човекољубец“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Преображение Христово).

Sportswear free shipping | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

На 19.08.2012 година го прославивме споменот на светото и славно Преображение Христово, настан со кој Христос им ја утврдува верата на апостолите, покажувајќи ја Својата природа на учениците „колку што поднесуваа“. На овој голем ден, света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештеникот Ристо Камбуроски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. Според каноните и традицијата на православната Црква, по завршувањето на Литургијата беше осветен и новиот гроздов плод, зашто како што Христос се преобразува, така и грозјето се преобразува во вино, а виното на светата Литургија се преобразува во Крв Христова. Многуте верни, кои со пост и молитва се подготвија за светата причест, ја направија Литургијата да биде уште посвечена, а кон нив, со пригодна беседа се обрати Митрополитот Тимотеј.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска сме собрани во овој свет манастир за да прославиме еден од големите Господови празници, светото Христово Преображение на гората Тавор. Нашиот Спасител Господ Исус Христос дошол во овој свет за да го преобрази него, но и човечкиот род, а и образот човечки  многукратно да го превознеси во големина и сила, повеќе отколку што тој самиот е. Преображението - тоа е желба, потреба за надежта и тоа е задача во овој свет. Преображението е програма што Бог му ја задал на човечкиот род, преку која би требало постојано да се преобразуваме себеси, да го преобразиме целокупниот наш живот, светот што нè опкружува, семејството, соседите, општеството и да го преукрасуваме и лицето на нашата земја. Исто така, да принесуваме молитви кон Бога, да ни даде сили за да го наоѓаме тоа преображение во Неговите заповеди, според Неговите закони и според Неговите укажувања.

Вечниот и недостижен Бог се преобразува таму каде ние според нашата физичка природа не можеме да се најдеме. Бог е сепак секогаш со нас луѓето. Господ ни го дарил тоа видение, односно својата блискост кон луѓето на гората Тавор. Не случајно Спасителот се преобразува пред Своите ученици и им ја покажува Својата природа, укажувајќи им пред Своите страдања на тоа дека е Он Син Божји. На учениците им било потребно да ја почувствуваат блискоста на својот Учител кон нив, односно на самиот Бог. Сето тоа се случува во моментот пред Учителот да биде издигнат на крстот, посрамотен и понижен, кога целиот јудејски народ, на чело со фарисеите и садукеите и првосвештениците јудејски мислеле дека е уништена Неговата мисија. Со страдањето и со моментот на поразот и посрамувањето верувале дека во умрен и бессилен Човек и во Неговото мртво Тело, луѓето не можат да ја видат тајната и спасителното присуство на Бога, како во животот, така и во историјата на човечкиот род.

Денешниот ден ни помага да го разбереме овој феномен кој е многу неверојатен, но и многу важен за современиот човек и за тоа како многу луѓе сè уште не можат да поверуваат во Бога. Тие не можат да поверуваат бидејќи сè што ги опкружува не им зборува за Бога. Современите луѓе својот поглед го свртуваат таму каде што за нив се појавува силата човечка. Тие се восхитуваат на резултатите на човечкиот разум, се изненадуваат од техничките достигнувања на современите пронајдоци, на можностите и прогресите. Сето тоа го занимава нашиот ум со делата на човечкиот разум и луѓето престануваат да Го гледаат Бога во светот кој ги опкружува, бидејќи денешната цивилизација е безбожна. Таквиот однос им ја затвара можноста на луѓето да ја видат силата Божја и тие уште повеќе ја истакнуваат и нагласуваат силата на човечкиот ум и веруваат дека човекот е сила и моќ и господар на овој свет.

Се поставува тогаш прашањето на што се базира верата кај современите луѓе? Најчесто и пред сè на чуда. Најголем дел од луѓето во својот живот се сретнуваат со некои чуда. Некој прима излекување, некој спасение преку молитва, која може да биде лично негова, но може да биде и плод на неговите родители или блиски. Честопати се случува луѓето на нивниот животен пат да видат дека е присутна раката Божја. На тој пат честопати Го гледаат Бога во нивниот живот и Неговата рака ги раководи и ги избавува од разни искушенија и неволји и им ги спасува животите. Честопати на тој животен пат се среќаваат со Бога и таа средба ја претставуваат како чудо за себе. На други, пак, им е доволно повнимателно да го посматраат светот Божји и светот што ги опкружува и во тоа набљудување да го видат присуството Божјо. Но, има едно златно правило: колку повеќе на човекот не му се потребни чуда, толку полесно може да Го види Бога. Оние што не сакале да веруваат, дури и во Христос, Кој воскреснал и јадел и пиел по толку денови, не верувале и наоѓале изговор дека гледаат привидение. Затоа нашата вера не треба да ја базираме на чуда и соништа, туку на силна и непоколеблива вера во Живиот и Единствен Бог. Нашиот Бог не сака да ги потресува нашите чувства со чуда, користејќи ги како неопходна сила за да нè привлече кон Него. Ако Бог би ги ползувал таквите чуда, тогаш Он би нè лишил од слободата сами да избереме дали веруваме во Него или не веруваме. Но, Господ ја остава таа слобода на луѓето. Па затоа, да се поверува во Господа не ни е потребно да бараме сензации и чуда, туку е потребно да се види Бог во светот во кој што живееме и во сè она што нè опкружува.

Да се обратиме со искрена молитва кон нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој на денешен ден пред Своите ученици се преобрази на гората Тавор, Он да ни го просветли умот, да ни ја утврди верата, та да можеме и ние со нашата вистинска православна вера да се преобразиме и да го измениме во нашиот живот сето она што е ниско во возвишено, сè што е нечесно во чесно, сè неправедно во праведно. Да можеме да одиме по вистинскиот пат и да го согледаме Лицето Божјо, та да се најдеме во редот на праведниците и да добиеме вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин!  

Преображение Христово

19.08.2012 година, ман. „Пресвета Богородица - Пречиста“ Кичево

preob2012

preob2012 2

preob2012 4

preob2012 6

preob2012 8

preob2012 10

preob2012 12

preob2012 14

preob2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5