„Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“ (Мт. 10,37-38). За нас обременетите од земни грижи луѓе навистина тешко изгледа исполнувањето на овие зборови, но, ако сакаме да го видиме нивното отелотворение, доволно е да прочитаме едно од житијата на неизбројните маченици, а особено житието на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, каде ќе го видиме и нивното буквално исполнување. Мајката Софија ги испраќа и ги поткрепува своите деца во страдањето заради Христа – ова сигурно е лудост и безумство за незнабошците, но спасение за нас христијаните. Кротко, смирено и мудро, мајката и трите ќерки го земаат крстот свој, не двоумејќи се ниту во еден момент да поитаат кон портите на Царството Небесно и знаејќи дека Оној во Кој верувале, Оној во Кој се надевале и Оној Кој Го љубеле, ќе ги чека со широко раширени раце и ќе ги прими од Својата десна страна.

spy offers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

На 30.09.2012 година, денот кога ги празнуваме овие свети маченички, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, свештениците Љупчо Симиџиоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот се обрати кон верните со пригодно слово и им подели нафора.  

SVSOF2012

SVSOF2012 2

SVSOF2012 4

SVSOF2012 6

SVSOF2012 8

SVSOF2012 10

SVSOF2012 12

SVSOF2012 14

SVSOF2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1