Човекот, како што вели уште Аристотел, е зоон политикон, односно политичко, друштвено, социјално битие. Токму затоа, тој отсекогаш сакал да ги сподели своите чувства, какви и да се тие, со другите луѓе што го опкружувале. Ги споделувал и изразувал со збор, со жртва, со песна, со дела, со слика. Кога станува збор, пак, за неговите верски или религиозни чувства, човекот ги употребувал сите овие начини на изразување, за да ја искаже својата љубов кон Оној што го чувствувал за свој Творец, Заштитник, Спасител. Тоа особено важи за новозаветниот човек, за кој веќе Господ не бил Некој што е само трансцендентен, туку Он е овоплотен Бог, Он е Богочовекот, Кој пострада, воскресна, се вознесе. Затоа за иконата се вели дека е „прозор во вечноста“, таа е „живопис кој ни ја претставува целата Црква заедно со Христа Вознесениот, Кој е превземен од Бог Отецот“. Или со други зборови, таа е „теологија преточена во бои“.

Running Sneakers Store | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Оваа „разнобојна теологија“ длабоко ја почувствувал и ја разбрал и многупочитуваниот академик Цветан Грозданов, кој оваа година го прославува големиот Јубилеј 50 години научно-истражувачка дејност. Во негова чест, а во организација на МАНУ, Завод и музеј Охрид и НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, на ден 04.10.2012 година, во Куќата на Уранија во Охрид, беше организиран научен собир, на кој учесниците му оддадоа достојна почит на академикот Грозданов и на неговото несебично залагање во разоткривањето и разјаснувањето на историјата и значењето на многубројните икони и фрески низ цела Македонија, а особено на оние во својот роден град Охрид. Со поздравно добредојде, научниот собир го отвори г-ѓа Тања Паскали-Бунташеска, директор на Завод и музеј Охрид, а свои пригодни обраќања имаа академикот Владо Камбовски, Претседател на Ману, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, академикот Гојко Суботиќ, член на САНУ и МАНУ и проф. д-р Сашо Цветковски, директор на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга. Меѓу присутните почитувачи на делото на академикот, беа и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Министерката за култура на РМ, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, г-дин Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на РМ и уште многу други. После поздравните говори и краткиот коктел, започна и работниот дел на научниот собир, на кој учество зедоа многубројни еминентни личности од областа на теологијата, историјата на уметноста и археологијата, и тоа: протоѓаконот Ратомир Гроздановски, Елица Манева, Викторија Попоска Коробар, Сашо Цветковски, Елизабета Касапова, Гоце Ангеличин – Жура, Ристо Палигора, Никола Митревски, Викторија Грозданова Коцевска, Владо Маленко, Дафча Спасова и Мирјана Машниќ. На крајот од собирот, се обрати и славеникот, академикот Грозданов, кој искажа благодарност до сите кои зедоа учество на овој собир и кои уште еднаш со своите трудови дадоа огромен придонес во разоткривањето на непроценливото културно и верско богатство во нашата земја. По повод овој голем Јубилеј, од печат излезе и Библиографијата на академикот Цветан Грозданов, во која се наброени повеќе од 300 негови трудови.

Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме поздравното слово на Митрополитот Тимотеј.

 Митрополит Тимотеј

50 години научно-истражувачка
дејност на акад. Цветан Грозданов

Почитувани,

Ми се укажува особена чест како архиереј на Македонската православна црква, со седиште во древниот Охрид, град со извонредна богата црковна и национална историја, култура и богатство, да можам денеска да поздравам уште еден великан од Охрид и да проговорам за неговото творење, создавање и расветлување на вредностите на нашиот словенски Ерусалим.

Академикот Цветан Грозданов го запознав во првите години од мојата архипастирска служба во Охрид. Придонес за поблиско запознавање даде покојниот протоереј Ѓорѓи Николоски, како стар охриѓанец, а потоа во овие без малку 30 години, нашето познанство и соработка е во непрекинат континуитет.

Нека ми биде дозволено да се задржам само на релациите и придонесот на академикот во еден сегмент што се однесува главно на Дебарско-кичевската епархија.

Со академикот Грозданов нè поврзуваат повеќе научни симпозиуми кои ги организираше нашата епархија, а по повод големите јубилеи, како што се 1100 години од доаѓањето на свети Климент во Охрид, 1100 години од изградбата на манастирот „Св. Наум Охридски“, 1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски, во кои академикот не само што зеде учество со свои научни трудови, туку беше и главниот конструктор на симпозиумите и осмислуваше кои луѓе и од која област треба да бидат поканети, а на некој начин и убедени да земат учество. Благодарение на неговото искуство во оваа област сите овие три научни симпозиуми беа организирани и посетени на високо ниво, а преку тоа беше даден голем културен прилог во расветлувањето на историјата за време јубилеите.

Не помала заслуга за МПЦ, а особено за Охрид, академикот Грозданов даде и преку учеството во Комисијата за возобновување на најголемото светилиште во Охрид - Плаошкиот манастир, каде што заедно бевме членови на жири комисијата за избор на најдобар проект. Академикот даде извонредна и многу пресудна  поддршка во одбрана на Црквата и на епархијата и по повод возобновувањето на манастирските конаци во манастирот „Св. Наум Охридски“.     

Академикот Грозданов во својата педесетгодишна научно-истражувачка дејност ја има задолжено целата македонска културна јавност со повеќе негови капитални дела, пред сè, од областа на историјата на уметноста, но особено Охрид и Дебарско-кичевската епархија. Нека ми биде дозволено да спомнам само некои од нив, бидејќи за стручноста и научната дејност очекувам да зборуваат покомпетентни од мене. Но, би ги набројал само неколку и тоа: „Студии за охридскиот живопис“, монографијата „Св. Наум Охридски“, „Портретите на светителите од Македонија“, потоа „Охридско ѕидно сликарство од 14 век“, „Живописот на Охридската архиепископија“, „Уметноста и културата на 19 век во Западна Македонија“, а се јавува и како коавтор на монографијата „Св. Ѓорѓи – Курбиново“. Покрај овие капитални и извонредни трудови, академикот Грозданов зеде најсериозно учество во формирањето и публикувањето на две монографии во издание на Дебарско-кичевската епархија и Републичкиот завод на РМ, а тоа се монографијата за „Св. Пречиста Кичевска“ од 1990 година и монографијата за „Свети Јован Бигорски“ од 1994 година. Иако мали по обем, но многу значајни за широките народни маси, се и неговите дела за „Света Софија“, „Свети Наум“, „Св. Богородица Перивлепта“, како и за „Плаошник“.

Од името на Дебарско-кичевската епархија и од свое лично име му искажуваме благодарност за сè што направи во овие изминати години и му посакуваме здравје и духовни и физички сили да ја заврши и „Света Богородица Перивлепта“ со монументално и капитално дело. Заради неговиот севкупен придонес за Македонската православна црква, САС на МПЦ го одликува со орден  „Свети Климент“ од Прв ред во 2007 година, а Дебарско-кичевската епархија, пак, минатата година го одликува со орден „Свети Наум Охридски“ од Прв ред. Благодарам на вниманието.

04.10.2012 год.
Куќа на Уранија – Охрид

Подготвил:
о. Н.Х.

50Cvetg

50Cvetg 2

50Cvetg 4

50Cvetg 6

50Cvetg 8

50Cvetg 10

50Cvetg 12

50Cvetg 14

50Cvetg 16

50cvgr

50cvgr 2

50cvgr 4

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1