На ден 06.10.2012 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга, а по повод Јубилејот 45 години од автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, се одржа редовен Архиепископски Црковно Народен Собор. Пред почетокот на Соборот, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан изврши и призив на Светиот Дух и ги попрска со осветена вода присутните, за Тој да ги раководи соборјаните и да ги вдахне во носењето на правилни и спасоносни одлуки за нашата црква и нашиот народ. На Соборот беа разгледани повеќе прашања од витално значење за животот на црквата и нејзините верници.

Best Nike Sneakers | Shop: Nike

По повод големиот Јубилеј, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше одржана свечена Духовна Академија, на која свои говори имаа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговата Екселенција Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, кои ја истакнаа улогата и значењето на Македонската православна црква во животот на македонскиот народ во неговиот историски од и во зачувувањето на неговиот верски и национален идентитет. Меѓу присутните беа и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, г-ѓа Валентина Божиновска, Претседателот на МАНУ, академикот Владо Камбовски, академикот Цветан Грозданов и други. Прекрасните гласови на членовите на хорот „Св. Климент Охридски“ од Скопје направија оваа Академија со право да го носи епитетот свечена и духовна, а свој настап имаше и најпознатиот македонски оперски пејач Борис Трајанов, кој ги поздрави присутните со Прличевата „1762 лето“ и  ја затвори Академијата со поздравот и славословието „Многаја лета“.

Подготвил:
о. Н.Х.

sobor2012

sobor2012 2

sobor2012 4

sobor2012 6

sobor2012 8

sobor2012 10

sobor2012 12

sobor2012 14

sobor2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1