Во Црквата, животот, дејствата и службите се можни само врз основа на благодатните дарови, кои се предаваат во неа. Само оние лица кои ги примиле благодатните дарови можат да извршуваат служба во Црквата. Поради тоа, поставувањето на одредена служба во Црквата не претставува назначување или именување, туку благодатен чин, во кој Бог ги дава даровите на Светиот Дух за служење во Црквата. Кога е во прашање хиротонијата на епископ, грижата на Црквата се состоела во тоа што таа за оваа служба ги избирала оние кои биле од Бога предизбрани. Таа ги измолувала даровите на Духот преку молитва и полагање на рацете на оној за кого тие дарови се измолувале и таа сведочела дека Бог ги испратил даровите на Духот над оној што се ракополага.

bridge media | JORDAN BRAND

Такво сведоштво испрати и нашата Македонска православна црква, која на 06 и 07.10.2012 година, денот кога го прославивме споменот на  сите македонски светии, го изврши чинот на ракополагањето во епископ на архимандритот Јосиф (Тодоровски). Според обичајот на светата Црква, оној што се подготвува за епископ се претставува пред Црквата и нејзините членови, со чинот наречение, кој започна пред свечената Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник во Охрид. Откако Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски Климент, во функција секретар на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ја прочита Одлуката на САС на МПЦ за избор на новиот архиереј, Архиепископот му се обрати на новоизбраниот епископ Велички: Чесни оче, архимандрите Јосиф, Светиот Синод на Македонската православна црква ја благослови Вашата светост да бидете епископ Велички. Новоизбраниот епископ Јосиф одговори: Бидејќи Светиот Синод на Македонската православна црква благоволил да ме произведе во таква служба, благодарам, примам и не се противам, Блаженејши владико!, со што посведочи дека ја прифаќа оваа тешка и одговорна служба и пред многубројните верници на нашата црква.

Откако се испеа многулетствието за народот, за Поглаварот, за сите архиереи и за новоизбраниот и наречен епископ, Архиепископот ја прекрши просфората и им подаде на сите архиереи, кои на свечената трпеза на љубовта, насреде храмот, преку заедничарењето со леб и вино, продуктите за светата причест, ја покажаа својата соборност и одлучност во нивниот избор. Архиепископот го благослови и попрска со осветена вода наречениот Архимандрит и со тоа заврши чинот наречение, а започна Вечерната богослужба, на која началствуваше новонаречениот архимандрит, во сослужение на архимандритите Нектариј, Партениј, Јосиф (Пејоски) и Дамаскин, игумените Никола и Јаков, еромонасите Доситеј, Григориј и Ефросиниј, протоѓаконите Димко Миланов, Ратомир Гроздановски и Антонио Дујовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Ванчо Умленски. Певницата ја водеа псалтите Антонио Лазески, Виктор Недески, Гоце Ристески, Илија Ристески и Александар Петкоски, кои со напевите на старото македонско црковно пеење, ја исполнија Светиклиментовата обител со духовност и велелепие.      

Подготвил:
о. Н.Х.

narecjos

narecjos 2

narecjos 4

narecjos 6

narecjos 8

narecjos 10

narecjos 12

narecjos 14

narecjos 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1