„Во Битола си бил послушно и кротко дете, а на гората Атос си се украсил со светли победи, отче Нектарие. Денес блескаш како друго сонце и нè милуваш со зраците на твојата добрина. На сите што со вера го празнуваат твојот божествен спомен, подај им за награда светлина и благодат, и моли Го Христа, нашиот Бог, да ги избави од темнина нашите души“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на преп. Нектариј Битолски).

short url link | Nike SB

На 18.12.2012 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше прославен денот на свештениот спомен на светиот Нектариј Битолски. Празнувањето започна ден претходно со свечена празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, еромонах Григориј и ѓаконите Васко Голабоски и Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба беше прекршен и празничниот колач, а во чест на именденот на игуменот на манастирот Нектариј. Утредента беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на Епископот Лешочки г. Јосиф, архимандрит Нектариј, еромонах Григориј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Сашо Целески. На свеченостите по повод празникот присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Од името на нашиот Митрополит и верните од целата Епархија, му го честитаме именденот на архимандритот Нектариј и му посакуваме уште многу години светиот Нектариј да го води по патот на Христовите заповеди. Амин!  

Подготвил:
о. Н. Х.

svnek2012

svnek2012 2

svnek2012 4

svnek2012 6

svnek2012 8

svnek2012 10

svnek2012 12

svnek2012 14

svnek2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1