„На мудреците, кои стоеја пред пештерата и слушаа за овие чудесни настани, Пречистата понизно им рече: Кого го барате вие? Гледам дека доаѓате од туѓа далечна земја, имајќи изглед и мудрост персиска, и дека сте минале долг и тежок пат, и дојдовте, според она што го дознавте, да Му се поклоните на Оној што на светот му дарува милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Претпразненство на Рождество Христово).

affiliate tracking url | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers

Празникот на Рождеството Христово е еден од најголемите празници во православната Црква. Токму затоа и подготовките за овој празник започнуваат уште со денови порано, а особено на денот пред Божик, кога сите верни православни чеда со посебни подготовки и со бадникови гранчиња во рацете, како мудреците од Исток, радосно го чекаат раѓањето на Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Празнувањето на Божикните празници започна на ден 24.01.2013 година во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, со благословување на бадниковите гранчиња. Торжествата продолжија во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, каде беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереите Војне Ристески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештеникот Ристо Камбуроски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната служба, беа благословени бадниковите гранчиња, а Митрополитот Тимотеј му се обрати на многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Вечерва се собравме во овој свет храм, посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павел во Кичево, за да го прославиме Бадник. Човечкиот род бил создаден од Бога за вечно да престојува во рајските градини. Но, бил прелажан од лукавиот ангел, кој претворен во лукава змија го излажал човекот да проба од забранетиот плод и заради тоа бил истеран од градината, зашто „плата за гревот е смртта“ (Рим. 6,23). Народот, пак, се намножувал од нашите прародители, правејќи и безброј други престапи и гревови, а истовремено страдајќи и од други разни ропства и стеги. Особено страдал избраниот еврејски народ, и тоа за време на Римската империја. И покрај тоа што Бог ги казнил прародителите Адам и Ева, Тој за сето време промислувал како да го спаси и избави човечкиот род. Како што вели св. ап. Павле: „Кога се исполни времето, Бог го испрати својот Единороден Син“ (Гал. 4,4) да го спаси човечкиот род. Токму тој временски период на исполнувањето на времето и раѓањето на Господа Исуса Христа како Искупител и Спасител на човечкиот род, вечерва го чествуваме и дочекуваме. 

Од преголема милост кон луѓето, Бог ќе постане човек и ќе прими тело во сè слично на човекот, освен во гревот. Тој ќе се роди од Пресветата Дева Марија, ќе живее 33 години на оваа земја, ќе нè поучува со збор и со дела, ќе проповеда за Царството небесно, ќе прави безброј чуда, ќе основа Своја света Црква со свети тајни, а сè со цел да го спаси и избави човечкиот род од гревот и смртта. Богомладенецот Христос нема да дојде и да се роди во царски палати или од значајни, видни и престижни луѓе во тогашниот еврејски народ, туку, напротив, ќе се роди од безначајната Дева Марија. Таа навистина потекнувала од првосвештеничко семејство, односно од Арона, но заборавена, сиромашна, без никого во животот, дадена на чување кај старецот Јосиф. Сепак, таа ќе биде избрана од Бога да биде Мајка на Бога Христа, а само заради нејзината света душа и чист живот. Затоа и светата Црква и пее: „Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“.

Драги браќа и сестри!
И ние собрани вечерва во овој свет храм, ако сакаме достоинствено и чесно и онака како што доликува на вистински христијани да Го пресретнеме Христа, треба да се подготвиме онака како што се подготвувала и Мајката Божја. Со чесен живот, со добродетели, со чисто срце, бистар ум, неосквернето тело, за да може и Христос кога ќе затропа на нашето срце, да го отвориме и Тој да влезе и да престојува во нашите души како вистински сакан гостин. Ние како Македонци сме познати во светот како гостољубив народ и секогаш кога дочекуваме и најобични гости го подготвуваме нашиот дом, го чистиме, го средуваме, го варосуваме, за тој да изгледа поубаво и подостоинствено. Но, сега дочекуваме небесен гостин, Господ Исус Христос, Кој слегува од небесните висини и постанува човек, за нас луѓето да нè направи богови по благодат. Затоа е потребно поголемо подготвување на духовен план. Да го отфрлиме од нашите срца и души сето она што нè влече кон земјата, а да го засакаме она што нè возвишува кон небото. Да ги отсечеме сите страсти и слабости, а да ги засакаме добродетелите кои нè прават возвишени, благородни, чесни и достоинствени. Богомладенецот нека се всели во нашите души и срца и нека престојува не само овој Божик, туку и преку целата година. Амин!

06.01.2013 година
Бадник
храм „Св. Петар и Павле“ Кичево

Badnik2013 1

Badnik2013 3

Badnik2013 5

Badnik2013 7

Badnik2013 9

Badnik2013 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1