„Твоето каменување за тебе стана како скалила од скала за искачување на небесата; качувајќи се по неа, си Го видел Господа како седи оддесно на Отецот, и со Својата живоносна десница ти го дава венецот, сообразен на твоето име. Како добропобедник и првомаченик сега стоиш близу до Него“ (стихира на Господи повикав... од Вечерна служба на Св. ап. Стефан).

Buy Kicks | Women's Nike Superrep

На третиот ден од празникот Божик, си спомнуваме за светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, кој „денес како светла ѕвезда болсна и ја изобличи јудејската злоба“, говорејќи со зборовите од Светото писмо и уверувајќи ги дека Родениот од Дева Исус е Бог и Син Божји. Во негов спомен, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Темелко Донески и Игор Никовски, свештеникот Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните и се обрати со поучно слово, во кое искажа пофалба за светиот првомаченик Стефан и за сите неизбројни маченици, кои со својата крв ја потврдија Христовата вера и ги ставија темелите за изградбата и растењето на Црквата.   

SVSTEF2013

SVSTEF2013 2

SVSTEF2013 4

SVSTEF2013 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1