„Себлагиот Бог не се посрами да се обрезе со телесно обрезание, но се даде Самиот Себе за пример и слика на сите за спасение, бидејќи Творецот на законот го исполнува она што е според законот, и претскажувањата за нас на пророците. Господи, Кој со Својата дланка држиш сè и Кој се пови во пелени, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Обрезание по тело на Господа Христа и св. Василиј Велики).

На 14.01.2013 година го прославивме празникот Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос и споменот на светиот Василиј Велики. Со овој чин нашиот Спасител се покажува како Извршител на законот, бидејќи и самиот закон е Негова творба, или, како што Он Самиот вели: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Мат. 5,17). Во овој ден го празнуваме и Великиот Василиј, творец на светата Василиева Литургија, темел на црквата, подвижник, љубител на мудроста и голем помагач на луѓето. Во чест на овие два празници, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги поучи присутните со поучно слово.   

На овој ден, според Уставот на православната Црква, беше направен и Молебен на Нова година, во кој се помоливме Преблагиот Господ да ни ги прости сите прегрешенија извршени во минатата година, а во идната да ни ги подари одозгора Божјите добра, и здравје и спасение, и добар напредок во сè. Во прилог ви го презентираме целиот чин на Молебниот.

 Asics shoes | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

МОЛЕБЕН НА НОВА ГОДИНА

По завршетокот на Литургијата, ѓаконот изговара: Благослови, владико!

Свештеникот: Благословено е царството на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега, и секогаш и во вечни векови.

Народот: Амин.

И веднаш се чита:

Дојдете да се поклониме на Царот, нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа - Царот и  нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.

Псалм 64

Тебе, Боже, Ти припаѓа похвалата на Сион, и Тебе ќе Ти се исполни заветот во Ерусалим. Услиши ја молитвата моја; кон Тебе ќе прибегне секој човек. Од зборовите на беззакониците, кои надвладуваат над нас и од нашите гревови, очисти нè. Блажен е оној, кого Ти си го избрал и примил; тој ќе живее во Твоите дворови; ќе се исполни со добрини од Твојот дом; а Твојот дом е свет, и чудесен е во праведноста. Чуј нè, Боже, Спасителе наш, надеж на сите земни краишта и на оние што се далеку преку морето. Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со моќ си се препашал, Ти Кој ја раздвижуваш морската длабочина и шумот што го прават брановите. Ќе поштукнат народите. И ќе се уплашат сите оние што живеат во краиштата од чудесата Твои: ќе создадеш радост каде што утрото се раѓа и вечерта заоѓа. Ти ја посетуваш земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна, бидејќи тука си ја устроил. Ги напојуваш браздите нејзини, и ги умножуваш житата нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да раѓа плодови; ја овенчуваш годината со Твојата добрина и полињата Твои полни се со згоен добиток. Се појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со радост; Трлата се умножуваат со стада, а долините се китат со плодови: воскликнуваат и пеат.

Слава,  и сега:

Алилуја, алилуја, алилуја, Слава Ти, Боже. (трипати)

Потоа ѓаконот ја изговара Големата ектенија:

Во мир да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За небесен мир и за спасение на нашите души, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За  мир  во  целиот  свет,  за  благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За овој свет храм и за оние што влегуваат во него со вера, набожност и страв Божји, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За блаженејшиот архиепископ (или: за високопреосвештенејшиот митрополит, или: за преосвештенејшиот епископот) наш (името), за чесното свештенство, во Христа ѓаконство, за сиот клир и за сите луѓе, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За благочестивиот и христољубив православен народ наш, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да му помага и да покори под нозете негови секаков непријател и противник, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За овој град (или: за ова село, или: за оваа света обител), за секој град, земја, и сите кои живеат во нив со вера, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За благотворен воздух, за изобилие на земни плодови и за мирни времиња, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За оние што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, за заробените и за нивно спасение, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За милостиво да го прими сегашното благодарење и молбата од нас недостојните Свои слуги во Својот небесен жртвеник, и сомилосно да нè помилува, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да биде нашето молење пријатно, и нам и на сите Свои луѓе да им ги прости сите волни и неволни гревови, што срамно ги направивме во изминатата година, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да го благослови почетокот и текот на оваа година со благодатта на Своето човекољубие, и да ни подари мирни времиња, благотворен воздух, и безгрешен живот во здравје и изобилие, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да го одврати од нас сиот Свој гнев, праведно насочен кон нас заради нашите гревови, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да ги изгони од нас сите душегубни страсти и лоши навики, и да го всади во срцата наши Својот божествен страв за вршење на Неговите заповеди, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да го обнови вистинскиот дух во нашите срца, и да нè утврди во православната вера, и да нè направи ревносни за правење добри дела и извршување на сите Негови заповеди, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да ги уништи сите ереси и отпадништва, и насекаде да засади православие и побожност, и за да ги обрати кон познанието на Својата вистина сите што отпаднале од вистинската вера, и да ги присоедини кон Својата света православна Црква, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

За да ја избави Својата света Црква и сите нас од секаква неволја, опасност, гнев и нужда, и од сите видливи и невидливи непријатели, и верните Свои слуги секогаш да ги огради со здравје, долг живот, и мир, и со војската на Своите ангели, да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.

Боже, заштити нè, спаси, помилуј и запази нè со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.

Спомнувајќи ја пресветата, пречиста, преблагословена, славна, владичица наша, Богородица, и секогаш Дева Марија, со сите светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.
Возглас:

Зашто, Тебе Ти прилега секаква слава, чест и поклонение, на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега, и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.

Потоа: Бог, Господ ни се јави, благословен е оној што доаѓа во името Господово. (трипати)

И овој тропар, глас 4.

Ние, Твоите недостојни слуги, Господи, благодарни заради Твоите големи добродетели кон нас, славејќи Те, го фалиме, благословуваме, благодариме, пееме и величаме Твоето милосрдие, и со смирена љубов Ти воскликнуваме: добротвору Спасителе наш, слава Ти.

Слава..., глас 3.

Незаслужно удостоени со Твоите добродетели и дарови, ние Твоите непотребни слуги, Господи, усрдно прибегнувајќи кон Тебе, Ти го принесуваме ова благодарење според својата моќ, и славејќи Те како Добротвор и Творец, воскликнуваме: Слава Ти, Боже семилостив.

И сега..., глас 2.

Творецу на сета твар, Ти Кој времињата и годините си ги ставил под Своја власт, благослови ја целата година со Твојата добрина, Господи, чувајќи ги во мир православните христијани, по молитвите на Богородица, и спаси нè.

Потоа прокимен, глас 4.

Ќе Му запеам на Господа, Кој ми прави добро.
Стих: Ќе се зарадува моето срце на спасението Твое.

Апостол (зачало 282; 1 Тим. 2, 1-6)

Чедо Тимотеј, молам, пред сè, да се прават прозби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота; оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус, Кој Се даде Себеси како откуп за сите - а тоа се посведочи во свое време.

Евангелие од Лука (зачало 13; Лк. 16, 22)

Во она време дојде Исус во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова! И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа  вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо, што го чувте“. И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова, и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосифа?“

Потоа, ѓаконот ја изговара ектенијата:

Да речеме сите од сета душа и од сета наша помисла, да речеме.
Народот: Господи, помилуј.

Господи, Седржителу, Боже на нашите татковци, Ти се молиме чуј нè и помилуј.
Народот: Господи, помилуј.

Помилуј нè, Боже, по Твојата голема милост, Ти се молиме чуј нè и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште се молиме за благочестивиот православен народ наш, за неговиот живот, мир, здравје и спасение, и Господ нашиот Бог, да му помага во сè и да покори под нозете негови секаков непријател и противник.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште се молиме за блаженејшиот архиепископ, (или: за високопреосвештенејшиот митрополит, или: за преосвештенејшиот епископ) наш (името), и за сето во Христа наше братство.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште се молиме за блажените и секогаш спомнувани создатели на овој свет храм (или: на оваа света обител), и за сите порано упокоени оци и браќа наши, кои почиваат овде и насекаде во православните земји.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште се молиме за милост, живот, мир, здравје, спасение, посетување, простување и разрешување од гревовите на Божјите раби, сите благочестиви и православни христијани, и браќата на овој свет храм (или: оваа света обител). 
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште се молиме за оние кои придонесуваат и добро прават за овој свет и сечесен храм, за оние што се трудат, пеат и за луѓето што присуствуваат очекувајќи од Тебе голема и богата милост.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Спасителу и Владетелу наш Господе, заблагодарувајќи како непотребни слуги со страв и трепет за Твоето милосрдие, за Твоите добродетели што богато си ги излил на Твоите слуги, ние припаѓаме и славословие Ти принесуваме како на Бог, и со умилност пееме: избави ги Твоите слуги од сите опасности, и како милостив, секогаш исполнувај ги на добро желбите на сите нас, усрдно Ти се молиме, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, седобар Господе, со Својата добрина да ја благословиш годината која настапува, и да ги прекратиш меѓу нас сите непријателства, немири и меѓусебни борби; и да ни подариш мир, силна и нелицемерна љубов, правилно уредување, и добродетелен живот, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, милосрден Господе, да не ги спомнуваш нашите безбројни беззаконија и лукави дела, што ги направивме во изминатата година, и да не ни возвраќаш според нашите дела, туку да нè опоменеш во својата милост и добрина, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, семилосрден Господе, да ни подариш благовремени дождови, и рани и подоцнежни, плодоносна роса, тивки и благи ветрови, и сончева топлина, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, семоќен Господару, да се присетиш на Својата света Црква, и да ја зајакнеш, утврдиш, прошириш и умириш, и засекогаш да ја зачуваш неповредена и непобедена од вратите на пеколот и од сите напади од видливите и невидливи непријатели, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, семоќен Господе, да ја искорениш и уништиш сета богохулна агарјанска безбожност, и нивното царство да го разориш и предадеш на правоверните, услиши и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)

Уште Ти се молиме, милосрден Господе, во оваа година, и во сите денови од нашиот живот, да нè избавиш од глад, помор, земјотреси, поплави, град, пожари, меч, наезди на туѓинци, и меѓусебни војни, и од секоја смртоносна болест, неволја и опасност, услиши и помилуј.

Свештеникот возгласува:

Услиши нè, Боже, Спасителу наш, надеж на сите краишта на земјата, дури и на сите кои се далеку по морињата, и милостив, милостив биди кон грешните и помилуј нè.
Зашто си милостив и Човекољубец Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега, и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.

Ѓаконот: Пак и пак, коленоприклоно да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

И свештеникот ја чита оваа молитва:

Владетелу Господе Боже наш, извору на живот и бесмртност, Творецу на сета видлива и невидлива твар, Ти времињата и годините си ги ставил под Своја власт, и со седобрата промисла управуваш над сите. Ти благодариме за Твојата добрина, што си ја излил на нас во изминатото време од нашиот живот; Те молиме, семилосрден Господе, благослови ја годината што настапува со Својата добрина; сочувај ги Своите возљубени слуги, благоверните и христољубиви православни христијани; умножи ги деновите во нивниот живот во ненарушено здравје, и дарувај им успех во сите добродетели. И на сите Твои луѓе подари им ги одозгора Твоите добра, и здравје и спасение, и добар напредок во сè. Твојата света Црква, овој град (или: ова село, или: оваа света обител), и сите градови и земји, избави ги од секоја лута напаст, и дарувај им мир и спокојство, за секогаш да Ти принесуваат благодарност Тебе, беспочетниот Отец, со Единородниот Твој Син, сесветиот и животворен Твој Дух, во едно битие славениот Бог; и да го прославуваат Твоето пресвето име.

Потоа возгласува: Слава Ти Тебе Боже, добротвору наш, преку сите векови.
Народот: Амин.

И веднаш го пеат Големото Славословие, т.е.:

Слава на Бога во висините... или наместо тоа, песната на свети Амвросиј, епископ Медиолански: Тебе, Боже Те фалиме...

Потоа, свештеникот го кажува овој отпуст:

Христос вистинскиот Бог наш, Кој во осмиот ден доброволно се обреза по тело, заради нашето спасение по молитвите на пречистата и пренепорочна света Своја Мајка, светиот отец наш Василиј Велики, архиепископ  кесариски, и сите светии, да нè помилува и спаси, зашто е благ и човекољубив.
Народот: Амин.

Свештеникот: По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, помилуј нè.
Народот: Амин.

Превел и подготвил:
свештеник Н. Христоски

VAS2013

VAS2013 2

VAS2013 4

VAS2013 6

VAS2013 8

VAS2013 10

VAS2013 12

VAS2013 14

VAS2013 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1