„Кога се јави во Јордан, Спасителу, и кога се крсти од (Јован) Претеча, Христе, си бил посведочен за возљубен Син. Затоа се покажа и како собеспочетен на Отецот, а Светиот Дух на Тебе слегуваше. Од Него, пак, просветлени, викаме: Слава Му на Бога Кој е во Троица“ (седален на Утрена на Богојавление).

„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Мат. 5,17). Ова се зборовите на нашиот Спасител, Кој го учи Јована дека „треба да се исполни секоја правда“. Токму затоа, и Оној, Кој се понижи и се воплоти од Дева Марија и Светиот Дух, дојде да се крсти на реката Јордан со покајно крштение. Не зашто имаше потреба, туку за да го исполни Законот, зашто Он во сè беше сличен на нас, освен во гревот. Он се крсти заради нас и нашето спасение, но и за да нè поучи на исполнување на Законот. Затоа и сите го прославуваме Неговото преславно крштение и човекољубие.

Nike air jordan Sneakers | Nike Release Dates

На ден 19.01.2013 година, кога го прославуваме празникот Богојавление – Водици, односно светото крштение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Злетоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Голем (Богојавленски) водосвет, а потоа целиот народ, заедно со свештенството, со свечена литија тргна кон водите на Охридското Езеро, каде традиционално се осветија водите и беше фрлен светиот Крст. Митрополит се обрати кон дваесетилјадниот верен народ со свечена беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. По завршувањето на празнувањето во Охрид, Митрополитот Тимотеј го фрли светиот Крст и во водите на Црн Дрим во Струга.

Оваа година, во Охрид,  крстот го фати Јован Бабаче од Охрид, а во Струга Димче Ашталкоски.

 

Митрополит Тимотеј

  
Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква пред десетина дена го прослави светото Христово раѓање. Господ Исус Христос се раѓа во Витлеем и Својата понизност и човекољубие ги покажува преку крајната снисходливост, зашто како Бог прима човечко тело преку Света дева Марија, и станува во сè сличен на нас освен во гревот. Сè до Својата триесетта година, Тој расте и живее незабележан од светот, освен од Неговата Пречиста Мајка и од првосвештениците јудејски. Кога ќе наполни триесет години ќе излезе и ќе ја започне Својата јавна мисија и проповед.

Тој најпрво се појавува на реката Јордан, каде светиот Јован Крстител ќе започне да го подготвува еврејскиот народ за дочекување на Месијата, Господа Христа. Бидејќи свети Јован бил прочуен со својот аскетски живот и високи морални принципи, бројниот еврејски народ како река се упатувал кон него да биде крстен во Јорданските води. Во тој извонреден броен народ, тивко и незабележително пристапувал и Господ Христос, за да биде и Тој потопен од Претечевата рака во Јордан. Но, кога го забележува Крстителот Јован, затреперува и се обидува да Го одврати од намерата, бидејќи тој знаел, бил просветен и осветен од Светиот Дух, дека Христос е Месијата, Кој нема никаков грев и нема од што да се мие, бидејќи е посветол од Сонцето. Но, Господ Христос му одговара на свети Јован: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“ (Мат. 3,15), или, со други зборови, треба да ја извршиме промислата Божја и да им покажеме на луѓето дека со крштевањето, односно со трикратното потопување во водите, се уништува гревот, се измива првородниот грев, се обессилува ѓаволот, кој што се вгнездил во водените стихии, но и во срцата и душите на огревовениот човечки род. Преку крштевањето светата Црква ни дава можност да ги ползуваме сите благодети што Црквата ги нуди на секој еден кој е крстен во светата православна Црква и вера. Преку крштевањето човечкиот род се помирува со Бога, повторно го воспоставува сојузот или заветот помеѓу Бога како Создател и човечкиот род како создание.

Не случајно свети Јован Крстител ќе каже: „Ете Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“ (Јован 1,29). Искупителот на човечкиот род е „вечниот свештеник по чинот Мелхиседеков“ (Евр. 7,17), Кој Самиот Себеси се принесува како жртва на Небесниот Отец за нас грешните. Не треба да заборавиме дека Тој е и праведен Судија и Лекар на сите измачени од гревовите и е единствен Борец, Кој излегува на духовна борба со „духовниот Голијат“ - ѓаволот, кој со големо лукавство и со сите дозволени и недозволени средства сака да ги одврати сите луѓе од Бога.  Но, Господ, преку Своето богомудро и праведно промислување, совршено го победил и го избавил човечкиот род од власта и ропството на нечестивиот.

Возљубени браќа и сестри!
Сите ние сме се удостоиле со светото крштение и уште како млади, според верата на нашите родители и кумови, сме се очистиле од првородниот грев. Ние повторно сме родени од вода и од Свет Дух и сме посиновени од нашиот Отец Небесен. За нас се отворени дверите на Царството Божјо. Затоа сите ние да се очистиме, осветиме, препородиме и измиеме на денешниот ден со богојавленска вода, за да се отстрани од нас секаква неправда, секаква страст, секој грев и нечистотија, та да можеме вистински да Го прославиме нашиот Спасител Христос, Кој заради нас, денеска се крштева во Јордан, заедно со Отецот и Светиот Дух, Кои Го посведочија Возљубениот Син, сега и во вечни векови!

Честит празник, за многу години! 

                                                                           Богојавление – Водици
19.01.2013 година
Охрид

VODICI2013

VODICI2013 2

VODICI2013 4

VODICI2013 6

VODICI2013 8

VODICI2013 10

VODICI2013 12

VODICI2013 14

VODICI2013 16

VODICI2013 18

VODICI2013 20

VODICI2013 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1