„Вистински просветен со зраците на Духот, свештеноучителу Тимотее, како најсветол светилник си се покажал, обиколувајќи ја целата Земја и просветувајќи ја со благодатта; и сега моли се да ни се даруваат мир и голема милост на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. ап. Тимотеј).

На 04.02.2013 година го прославивме свештениот спомен на Божествениот сопатник и сотрудник Павлов, светиот апостол Тимотеј, кој со своите Божествени дарби ја украсил славната Ефеска митрополија. Прославувањето на овој велик апостол, како и именденот на нашиот Митрополит, започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник“ во Охрид, на која началствуваше протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески, а на богослужбата присуствуваше и Митрополитот Тимотеј. Утредента, во истиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Сашо Богданоски, протоереите Војне Ристески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештениците Ристо Камбуроски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Сашо Целески. По завршувањето на Литуријата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

Running Sneakers Store | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Овој прекрасен празник беше ден за радост и за целата Црква, зашто истата се збогати со уште еден служител Божји, ѓаконот Александар Матески од Кичево. Александар е роден на 11.09.1987 година во Кичево, од благочестиви и богобојажливи родители. Основното училиште го завршува во Кичево, а средното во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Моментално е апсолвент на богословскиот факултет во Скопје. Од името на нашиот Митрополит и од целата Епархија, му го честитаме свештеноѓаконскиот чин на Александар и се молиме Господ секогаш да му го покажува патот на вистинското Богослужение.

Во попладневните часови, во административната зграда на Дебарско-кичевската епархија, а по повод именденот на Митрополитот Тимотеј, беше организиран прием за сите верници, кои дојдоа да го прослават овој празник. Од името на свештенството и целиот верен народ, Ви го честитаме именденот, со желби и молитви светиот апостол Тимотеј секогаш да ви помага во Вашиот тежок подвиг како наш возглавител и да Ве чува од секакво зло. На многаја лета!

svaptim2013

svaptim2013 2

svaptim2013 4

svaptim2013 6

svaptim2013 8

svaptim2013 10

svaptim2013 12

svaptim2013 14

svaptim2013 16

svaptim2013 18

svaptim2013 20

svaptim2013 22

svaptim2013 24

svaptim2013 26

svaptim2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5