„Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто Господ со својата сила се покажа како Господар, и со смрт ја сотре смртта, првенец од мртвите постана, од утробата на адот нè избави и на светот му даде голема милост“ (воскресен тропар глас 3).

На 10.02.2013 година, во светата 36 недела по Педесетница и денот кога го прославуваме споменот на преподобните Ефрем Сирин и Исак Сирин, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереј Војне Ристески, свештеник Ристо Камбуроски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Сашо Целески и Александар Матески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

latest jordans | 『アディダス』に分類された記事一覧

Причина повеќе за голема радост на сета Црква, беше и ракополагањето на двајца нови служители Божји. Митрополитот Тимотеј благоизволи да го ракоположи ѓаконот Александар Матески од Кичево во свештенички чин, а дипломираниот теолог Ѓорѓи Блажески во ѓаконски чин. Ѓорѓи е роден во Дебар во 1980 година. Основното образование го завршува во Дебар, а во Скопје завршува средно богословско училиште во МПБ „Св. Климент Охридски“. Своето образование ќе го надгради на Богословскиот факултет во Скопје, каде успешно и ќе дипломира. Моментално живее во Скопје. Од името на нашиот Митрополит и целата Епархија, им ги честитаме новите чинови на двајцата, со молитви за успех и достоинственост во нивниот позив.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

 Во нашите свети цркви и манастири, многупати се случува предмет на проповедта да биде верата и нејзиното значење во животот на христијаните. Тоа е оправдано и добро, бидејќи верата е основа и темел на нашиот живот. Таа се јавува како еден од основните услови на нашето живеење, зашто според неа можеме да го добиеме, односно да го спечалиме нашето спасение. Можеби некој ќе постави прашање: А за каква вера станува збор? Само цврста, јака и непоколеблива вера во Бога и во Неговата љубов кон човечкиот род донесува вистинска корист. За таквата вера ни зборува и денешното свето Евангелие, кое ни го пренесува светиот апостол и евангелист Матеј.

Како што знаеме, Господ Исус Христос честопати патувал од едно место на друго и бил придружуван од многуброен народ, кој сакал да го слушне новото учење и новите принципи што Господ Христос ги проповедал. Но, имало и такви кои барале излекување на себе или на некој од своите блиски или роднини. Така, во денешното свето Евангелие, меѓу многубројниот народ, Христа го придружува и една жена Хананејка, која викала со силен глас: „Помилуј, ме, Господи, Сине Давидов, ќерка ми жестоко се мачи од бес“ (Мат. 15,22).

Оваа очајна мајка најверојатно ги поминала сите можни лекари, барајќи излекување на нејзината ќерка, но никаде не го нашла тоа што го барала. Но, кога слушнала за Христа, дека Он лекува секакви болести, си рекла во себе дека токму Он е Тој што ќе ја излекува нејзината ќерка. Но, бидејќи била друговерка, односно не била Еврејка, се сметала за недостојна да излезе пред Христа и да бара помош, туку одела по Него и молела: „Помилуј, ме, Господи, Сине Давидов, ќерка ми жестоко се мачи од бес“ (Мат. 15,22). Но, Христос спокојно си продолжува и не им дава никаква важност на нејзините молби и прозби. Таа тогаш со уште повисок глас почнала да моли милост за нејзиното чедо. Учениците, кои исто така Го следеле Христа, Му сугерираат да ја отпушти бидејќи многу вика и просто им било непријатно да ги слушаат извиците на оваа жена. Но, Христос им одговара на учениците дека „Он е испратен само кај изгубените овци од домот Израилев“ (Мат. 15,24). Христовата реакција, односно одбивањето на жената Хананејка, не е затоа што таа е Хананејка, а не Еврејка, туку, напротив, Он сака да ја зацврсти во верата и надежта на Својата семоќност. Оваа тажна мајка повторно вика и моли за помош. На прв поглед може да се помисли дека Христос дефинитивно ја одбива и тоа на еден груб начин, велејќи: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата“ (Мат. 15,26). Но, нејзината силна и непоколеблива вера и надеж во излекувањето на нејзината ќерка повторно се исправува пред Христа и му вели: „Да, Господи, ама и кучињата јадат од трошките што паѓаат под трпезата на нивните господари“ (Мат. 15,27).

Туѓинката со овие зборови како да сака да Му каже на Христа, но во исто време и да Го моли: „Дај им на синовите Израилеви леб, но допушти да земам и јас трошка од тој леб што паѓа од таа трпеза. Барам само ронка од Твојата милост и љубов кои ги делиш на децата од домот Израилев“. Со ова таа многу јасно и гласно ја покажала својата вера дека и најмала љубов на Неговата личност е доволна нејзината ќерка да оздрави од лошите духови, кои со години ја измачуваат. И на крајот, нејзината упорност во верата и надежта ќе роди плод. Тогаш Христос ќе и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде според желбата твоја! И во тој час оздраве ќерката нејзина“ (Мат. 15,28).

Нашиот Спасител, Кој е извор на љубов и многумилостивост кон луѓето, најпрво не ја исполнил молбата на оваа жена. Не дека не покажал жал и милост кон неа, туку сакал да ја утврди во верата, во истрајноста, па нејзината молитва да роди со плод и да го добие тоа што го бара. Примерот на оваа жена Хананејка има поучно значење и за нас денеска. А поуката е многу јасна и гласна. Ако сакаме да се исполнат нашите молитви и прозби што ги упатуваме кон Господа Исуса Христа, кон Неговата Света Мајка и кон другите Божји угодници, тогаш тие мора да бидат силни, јаки, непоколебливи и упорни и да бараат добро за себе, а не да бараат зло и пакост за својот ближен. Само кога се молиме со силна вера и непоколеблива надеж, со смиреност и покорност, тогаш Бог ги услишува нашите молитви, токму онака како што ја услишил и на Хананејката од денешното Евангелие.

Така, молитвата соединета со вера и надеж многу може да помогне кај нашиот Владика. Не постои нешто што може да ја спречи  и да и се спротивстави на силната молитва. И морската стихија во себе крие огромна сила. Човекот во неа е како играчка. Но, и страшното море отстапува пред молитвата. Мојсеј молитвено повикал кон Бога и со еден удар со чудотворниот жезол направил морето да се пресече на две и под дното на истото направил пат по кој поминал израилскиот народ (2 Мојс. 14,22).

Драги браќа и сестри! Да се обратиме кон нашиот Спасител, Господ Исус Христос, со цврста вера и непоколеблива надеж, каква што имала и оваа жена Хананејка, Он да ги услиши нашите молитви и да ни подари сè што е спасоносно и корисно за нашите души и тела.

Ја користам оваа прилика на новоракоположениот свештеник Александар – Аце, да му го честитаме ракополагањето во свештенички чин, а истовремено, да му посакаме во неговиот свештенички живот секогаш да ја има силата и јачината на молитвата од жената Хананејка, па да послужи на нашата света црква, онака како што тоа го бара од нас нашиот Спасител и свети Климент, нејзиниот покровител. Честито и благословено од Господа и носи го свештеничкиот позив, како што се вели по охридски, „со бел образ“. Амин!

10.02.2013 година
36 недела по Педесетница
храм „Св. Петар и Павле“ Кичево

36ned2013

36ned2013 2

36ned2013 4

36ned2013 6

36ned2013 8

36ned2013 10

36ned2013 12

36ned2013 14

36ned2013 16

36ned2013 18

36ned2013 20

36ned2013 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1