„Јас сум вратата, кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде... Јас сум добриот Пастир; добриот пастир си ја полага душата своја за овците“ (Јован 10, 9 и 11).

На ден 20.02.2013 година го прославивме свештениот спомен на светиот Партениј, епископ Лампсакиски, вистински исполнител на Евангелските зборови и силен борец против идолопоклонството. Неговото житие особено ја слави неговата сила над лошите духови, кои „како од оган бегале од него“. Во негова чест, како и по повод именденот на игуменот на манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“, централната прослава беше во овој манастир, поточно во Благовештенската капела, а започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештениците Димче Азески и Бобан Митевски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на Вечерната богослужба, од името на братството и сестринството од двата манастири, со пригодно слово се обрати еромонахот Доситеј и му подари игуменска патерица на игуменот Партениј.

Running sport media | Nike Air Max 270

Празнувањето беше крунисано утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Епископот Јосиф, архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештениците Димче Азески и Бобан Митевски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше осветено празничното коливо, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Од името на нашиот Митрополит и од целата епархија, му го честитаме именденот на високопреподобниот архимандрит Партениј, и се молиме светиот Партениј секогаш да биде негов застапник пред Бога, да го води на патот на спасението, та да се покаже како вистински добар пастир на своето стадо. Амин!

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Во денешното свето Евангелие на светата Литургија ги слушнавме зборовите на Господа Исуса Христа, запишани преку евангелистот Јован: „Јас Сум вратата, кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде... Јас сум добриот Пастир; добриот пастир си ја полага душата своја за овците“ (Јован 10, 9 и 11). Господ Исус Христос, за време на проповедањето на Словото Божјо, честопати употребува различни параболи, за да може големите Божествени вистини да ги објасни на еден едноставен, разбирлив начин за широките народни маси. Токму така и во денешното Евангелие, Црквата Божја ја споредува со врата, преку која се влегува, се добиваат благодети преку светите тајни и се спечалува живот вечен.

Термините влегување и излегување ни зборуваат за двостраноста на човековата личност, односно за надворешниот човек, она што се гледа, и за внатрешниот, духовен човек, којшто не се гледа. Но, внатрешниот човек е главниот фактор, од кој најмногу зависи како ќе се восприми учењето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и дали ќе се живее според истото. Апостолите, добивајќи ја благодатта Божја, го ширеле Словото Божјо без каков и да е страв по целиот свет, воопшто не плашејќи се за нивниот живот. Преку таа силна вера, пак, Евангелието било проширено по целата вселена. И покрај тоа што биле прости рибари и неуки, во споредба на тогашните фарисеи, садукеи и книжници, тие го проповедале, го ширеле и го утврдувале народот Божји во словото на вистината, правдата и љубовта.

Господ Исус Христос за Себе вели дека е „добар Пастир“. Добриот пастир си ги познава Своите овци и тие Го познаваат Него и одат по Него. За разлика од добриот Пастир, крадците се однесуваат наемнички и ги оставаат овците при секоја опасност: „А наемникот, кој не е пастир и кому овците не се негови, види ли волк да доаѓа, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците“ (Јован 10, 12-13). Господ Христос се покажува како добар Пастир, како вистински проповедник, Кој е подготвен да го жртвува и Својот живот за словесните овци. Додека, пак, фарисеите и книжниците, се претставени како крадци и наемници, бидејќи му попречуваат на народот Божји да влезе во царството Божјо. Тие со разните закони и формалности, му ја затвораат на верниот народ вратата на  рајот, истовремено, грижејќи се само за своето добро и за личното богатство. Спасителот Христос од преголема љубов кон човечките род ќе прими човечко тело, но, исто така, ќе претрпи и понижувања, страдања, за на крај да го заврши Својот живот на крст, а сè со цел да го спаси и избави човечкиот род од грев. Токму преку тој Крст, Христос покажува дека е добар Пастир, Кој се жртвува за спасението на Своето стадо.

И светиот Партениј Лампсакиски, кого денеска го празнуваме, претставува вистински пример за добар пастир. И тој, уште како дете, ревносно му служел на Христа и на светата православна Црква. Светиот Партениј ги уништил сите многубожечки идоли, а изградил повеќе свети цркви и манастири. Тој, земајќи го својот крст, живеел и работел за доброто на своето стадо, сè до последното негово издихание во 4 век. Да се обратиме со искрена молитва кон свети Партениј Лампсакиски, преку неговото застапништво да се отворат и дверите на нашето срце, та слушајќи ги Христовите зборови за добриот пастир, да ги засакаме и да ги примиме, па да Го проповедаме и исповедаме нашиот Спасител. Да го правиме тоа не само формално, фарисејски, туку со целиот наш живот, како вистински следбеници на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

Ја користам оваа прилика, на архимандритот Партениј, игумен на оваа света обител, да му го честитаме именденот и да му посакаме здравје и духовна радост во раководењето на братството и сестринството од двата манастири. На многаја и благаја лета високопреподбни архимандрите!

20.02.2013 година
свети Партениј Лампсакиски

03x 2

05x

10x 1

12x 2

16x 2

17x 2

18x 1

22x 1

23x

24x 1

25x 1

26x 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1