Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Русенски г. Неофит е новиот Поглавар на Бугарската православна црква. Изборот и интронизацијата на новиот Бугарски патријарх, во присуство на многубројни црковни делегации, се изврши во храмот „Св. Александар Невски“ во Софија, Р. Бугарија на ден 24.02.2013 година. Делегацијата на Македонската православна црква ја сочинуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.   

Патријархот Неофит, чие родено име е Симеон Николов Димитров, е роден на 15.10.1945 година во Софија, Р. Бугарија. Во 1965 година завршува Духовна семинарија во Софија, а од 1967 до 1971 година студира на Духовната академија „Св. Климент Охридски“ во Софија. Од 1971 до 1973 година специјализира на Московската духовна академија на одделот за Црковно пеење, а по враќањето предава Црковно пеење и е диригент на студентскиот хор при Духовната академија во Софија. Од раката на блаженоупокоениот Патријарх Максим потстрижен е во монашки чин во Тројанскиот манастир на 03.08.1975 година кога и го добива името Неофит, а во соборната црква „Св. Недела“, во 1976 година, ракоположен е во ероѓаконски и еромонашки чин, а во 1977 е произведен во чин архимандрит.

Running Sneakers | Sneakers Nike

На 08.12.1985 година е хиротонисан за викарен епископ на Софискиот Митрополит, со титула Левкиски, а во 1994 година избран е за Митрополит Доростолски и Червенски. Од 2001 година, кога е поделена Доростолската епархија на две епархии, Митрополитот Неофит ја добива Русенската Митрополија, но ја администрира и Доростолската.      

Тој извршува повеќе функции, меѓу кои и диригент на свештеничкиот хор, виш предавач по источно пеење и богослужбена пракса на Софиската духовна академија, ректор на Софиската духовна академија, декан на Богословскиот факултет, секретар на Светиот синод, претседател на Синодалната просветна комисија.

Од името на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј и од целата Епархија, му го честитаме изборот на новиот Бугарски Патријарх, со желби и молитви правилно да раководи со својот народ и да го води на патот на спасението. На многаја лета!

BGPATR

BGPATR 2

BGPATR 4

BGPATR 6

BGPATR 8

BGPATR 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1