„Откако Исус, вистинското мислено Сонце, ве испрати во целиот свет како светлозарни молњи, боговидци апостоли, со светлината на вашите божествени проповеди, го истера мракот на прелеста и ги просветли оние што во мракот на незнаењето беа жестоко држани. Затоа молете Го и нам да ни испрати просвештение и милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од прва среда на Великиот пост).

На 20.03.2013 година, во Средата од првата седмица на Великиот пост, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветените дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во солужение на архимандрит Нектариј, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, меѓу кои многумина го држеа и тридневниот пост без никаква храна и пиење – тример, а кои примија света богојавленска вода. Според обичајот во нашата епархија, по завршувањето на Литургијата беше извршена групна исповед на свештенството од нашата епархија, а потоа се одржа и редовното свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања од животот на епархијата.  

latest Nike Sneakers | New Balance 991 Footwear

PRVSRED2013

PRVSRED2013 2

PRVSRED2013 4

PRVSRED2013 6

PRVSRED2013 8

PRVSRED2013 10

PRVSRED2013 12

PRVSRED2013 14

PRVSRED2013 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1