„Светата, гледајќи се себе во чистота, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!“ (кондак 2 на Акатист на Пресвета Богородица).

Во времето на Великиот пост, кога преку подвигот на постот и молитвите се трудиме да ги очистиме нашите тела и души, потребна ни е помошта од оние кои седат до Престолот на Севишниот. А кој може повеќе да се застапи за нас од Мајката Божја, која бессемено Го роди Спасителот на светот, Господ Исус Христос? Затоа и светата Црква одредила во овој Великопосен период да и вознесуваме молитви на Пречистата, и тоа во првите пет петоци од Велигденскиот пост. Во првиот петок, на 22.03.2013 година, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. А во сослужение на свештеник Никола Христоски. Многубројниот народ се помоли на нашата постојана застапничка и заштитничка и ја целива нејзината света икона, пеејќи и на Пресветата: Радувај се, Невесто неневесна!

Nike sneakers | New Releases Nike

1akat2013

1akat2013 2

1akat2013 4

1akat2013 6

1akat2013 8

1akat2013 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1