„Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица и се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши“ (тропар на свети Теодор Тирон).

Во првата сабота од Великиот пост, на ден 23.03.2013 година, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, а во чест на споменот на преславното чудо на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. Река од верен народ се слеа во Богородичниот храм, подготвен со пост и молитва да пристапи кон светиот Путир и да се соедини со нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се осврна на значењето на посниот период, очистувањето на душите и телата, како и меѓучовечките односи.   

Best Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Todsab2013

Todsab2013 2

Todsab2013 4

Todsab2013 6

Todsab2013 8

Todsab2013 10

Todsab2013 12

Todsab2013 14

Todsab2013 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5