„Радувај се, похвало на отците, усто на богословите, палатко на безмолвието, доме на премудроста, врвен дострелу на учителите, духовен океану, во кој се меша дејството и созерцавањето, и исцелителу на човечките болести. Радувај се, храму на Духот, и умрен, и жив оче“ (светилен на св. Григориј Палама).

Втората седмица од Великиот пост е посветена на великиот учител, подвижник и созерцател на Бога, светиот Григориј Палама. По повод празнувањето на овој голем светител и победител на ересите, на ден 31.03.2013 година, во капелата посветена на „Св. Григориј Палама“ во манастирот во Рајчица, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го освети коливото и се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports brands | Men's Footwear

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Кога Господ го создал човекот, го сместил да престојува во Едемската градина и заедно со останатите созданија да го величи и слави името Божјо, односно својот Создател. Но, прв кој го нарушил тој поредок е невидливиот ангел, кој посакал да биде тоа што е неговиот Создател, односно Бог. Отпаѓајќи од својата првобитна состојба, тој ќе биде причина за понатамошно правење на зло и пакост и на првите луѓе. Тој со измама им внесува на нашите прародители помисла дека ако вкусат од забранетиот плод во рајот, тие нема да се огрешат на законите и прописите што Творецот им ги дал, туку напротив, ќе бидат богови. Со оваа итроштина на првопаднатиот ангел, кој постанал ѓавол, биле прелажани нашите прародители.

Основен двигател и основна причина за грешење е гордоста, од која што произлегуваат и самољубието, злобата, зависта. Како што погоре кажавме, заради гордоста првите прародители го изгубија рајот. Преку зависта, пак, се случи првото братоубиство, а заради неа и Јосиф беше продаден на Египтјаните од своите браќа. Гревот како нарушување на односот човек - Бог има повеќе нивоа. Тој може да биде интелектуален, на друго место може да биде со збор, а на крај се јавува преку нашите постапки и дела. Но, во сите случаи гревот има значење на отстапување од Бога и неможење да се остане во комуникација и во единство со Изворот на вистината, правдата и љубовта, односно со Бога.

Светата Црква го востановила Великиот или Велигденскиот пост како период во кој постојано и за време на сите богослужби: утрената, вечерната и повечеријата, преку песни нè потсетува како треба да се задлабочиме во самите себе, особено во нашата душа. Црквата нè учи да ги согледаме нашите престапи, грешки и гревови, и преку покајанието и исповеданието, ни дава пат и начин да ги окаеме нашите гревови, за да испросиме милост Божја за нивно опростување. Човек исполнет со завист и со пакост не може да биде вистински христијанин и верник. И покрај тоа што тој можеби формално се декларира како верник, како православен исповедник, како човек кој оди во црква, дури држи и пости, тој не е вистински верник и покајник.  Тој повеќе наликува на фарисејот од Евангелието.

Завидливиот човек е исполнет со гнев и со омраза кон своите блиски, кон луѓето што ги познава, и тоа од најразлични причини. Тоа може да биде затоа што тие се поуспешни во своето работење, или нивниот бизнис им донесува поголема заработувачка, или затоа што имаат подобро работно место, возат подобар автомобил, затоа што се полични и уште многу други безброј причини, кои таквата душа ја мотивираат да се исполни со вакви нечесни и непотребни оптоварувања. Таквата душа и таквиот човек се измачува повеќе себеси, отколку што може да му нанесе зло на оној на кого му завидува. Доколку, пак, на оној на кого му се завидува се случи да го снајдат непријатности и несреќи, завидливиот човек повторно не е задоволен, бидејќи зависта нема граници и се мачи зошто не го снашло уште поголемо зло. Но, во тој човек и во таквите луѓе постојано има немирна совест, постојано страдање. Тој се измачува и нема ништо заедничко со нашата вера и Црква.

Затоа светата Црква ги определила овие денови на светата Четириесетница, кога сите ние без исклучок треба да направиме една анализа на нашите мисли, на нашите зборови, на нашите постапки и на нашите дела. Црквата ни дава начин и пат да ги отсечеме да ги отфрлиме делата што нè оддалечуваат од вистината, од правдата, од чесноста, од светоста, од патот тесен, но спасоносен, кој нè води кон Христа и кон Неговата вистинската Црква, а тоа ќе можеме да го направиме само со искрено и длабоко покајание, како што пееме во една црковна песна: „Вратите на покајанието отвори ми ги, Животодавче...“.

Денеска ја прославуваме втората седмица од Великиот пост, која светата Црква ја посветила на свети Григориј Палама. Овој Божји угодник поднел многу страдања, поднел многу маки и бил вистински ревнител и исповедник на православието, борејќи се против тогашното погрешно учење, кое го застапувал Калабрискиот монах Варлаам. Тој преку постот и покајанието, пропратени со молитвата, бил издигнат и просветлен од Божјата љубов да може да го созерцава Троичното Божество и да ја види светлината Божја, како што биле удостоени и други свети Божји угодници со чист и непорочен живот.

Драги браќа и сестри!
И ние да го исползуваме овој временски период, па со покајание и со покајни солзи да испросиме милост од Бога. Семилостивиот Создател да ја приклони Својата милост и љубов кон нас, да ги услиши нашите молитви, да ни ги опрости нашите гревови, па да можеме очистени, измиени и препородени да Го славиме Триединиот Бог, сега и во сета вечност. Амин!

Недела на свети Григориј Палама
31.03.2013 година
Капела „Св. Григориј Палама“ - Ман. „Св. вмч. Георгиј“ Рајчица

ned2velpos2013

ned2velpos2013 2

ned2velpos2013 4

ned2velpos2013 6

ned2velpos2013 8

ned2velpos2013 10

ned2velpos2013 12

ned2velpos2013 14

ned2velpos2013 16

ned2velpos2013 18

ned2velpos2013 20

ned2velpos2013 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1