„Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во светот, за да го спасиш Адама од древната клетва, духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово, Кој благоволи да создадеш сè премудро, слава Ти“ (седален на Цветници).

На 28.04.2013 година, денот кога го прославуваме Христовото влегување во Ерусалим (Цветници), во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Александар Матески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели врбови гранчиња на мноштвото верни, кои како децата од Ерусалим, дојдоа во храмот да го пречекаат Спасителот на светот, Кој доаѓа на страдање и распнување, но и на Воскресение. Речиси сите верници пристапија кон светата Причест, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нив со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordan Sneakers | Womens Shoes Footwear & Shoes Online

Митроплит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква денеска го прославува свеченото влегување на Господа Исуса Христа во Ерусалим. Како што знаеме од светото Евангелие, пред овој настан, Господ Исус Христос во Витанија го воскреснал неговиот пријател, праведниот Лазар, и покрај тоа што лежел четири дена во гробот. Вакво големо чудо не било дотогаш познато во историјата на човештвото. Овој настан се разнел по целиот Ерусалим и пошироко, а тоа, пак, придонело да се развие мислата кај широките народни маси дека навистина доаѓа Нивниот долго очекуван Цар.

Господ Исус Христос, придружуван од Неговите апостоли и народот, качен на мало магаре или осле, влегол свечено во Ерусалим, за што, уште многу одамна, пророкувале старазаветните пророци. Христос, пак, исполнувајќи го пророштвото, влегува во Ерусалим како кроток и праведен Цар. Народот ќе Го пречека со воодушевување, со восклици, со песни, со постилање на алишта пред Него, со цветови, со палмови гранчиња и со песна: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господовово! Осана на висините” (Мт. 21, 9).

Народот Израилски Го дочекал Христа и Го пресретнал својот долгоочекуван Месија и Цар. Но, тие не Го очекувале Месијата во евангелска смисла на зборот, туку го очекувале царот, којшто ќе ги ослободи од римското ропство, а нив ќе ги постави за кнезови на земјата, коишто ќе управуваат со народот. Но, Господ Исус Христос не е земен Цар, туку небесен. Он е Царот на правдата, Кој им ја носи на сите луѓе вечната правда, односно ослободувањето на човечкиот род од гревот. Денес настапува кроток Цар, кој и луѓето ги учи на кротост. Он ќе воспостави духовно царство во светот и ќе ги привлече луѓето со Неговата смиреност и љубов. Во Ерусалим влегол Цар Кој спасува, Кој доаѓа да ги искупи луѓето од тешките казни заради нивните гревови и да ги ослободи од злото кое владее во светот.

Ова е причината поради која израилскиот народ Му приготвува ваков величествен пречек на Господа Исуса Христа. Ова јасно го кажува и историјата: израилскиот народ подвластен под римско ропство, поднесувал многу страдања, угнетувања и мачења, и природно било очекувањето да дојде Месија, да ги изгони римските власти и да ги ослободи од земните стеги и неправди. Но, Господ Исус Христос не доаѓа само за израилскиот народ, туку Он доаѓа за сите народи и за сите луѓе. Он доаѓа за целокупниот свет, за да го избави од духовното ропство, од ропството на гревот и пороците.

И покрај многубројните пророштва во Стариот завет, кои Го навестуваат Господа Исуса Христа на израилскиот народ, тие, сепак, не го разбрале вистинското значење на Исуса Христа, па затоа и така Го пречекале. Но, ние христијаните знаеме зошто Господ Исус Христос се роди од света Дева Марија, зошто се крсти од свети Јован Крстител и зошто толку време ја проповедаше новата наука. Спасителот направил безброј чуда, лекувал секакви болести, дури и мртви воскреснувал, а сè со цел да нè научи дека Он е Искупителот на човечкиот род од гревот. Христос му нуди вечен и блажен живот на секој еден, кој ќе поверува во Него и Неговото учење.

Но, како ние да Го пресретнеме Господа Исуса Христа? За тоа е потребно да се поучиме од израилскиот народ, кој Го пресретнал Христа со постелување на своите облеки. Постелувањето на облека во тоа време, значело дека тие сецело се покоруваат и искажуваат чест и љубов кон тоа лице. Со други зборови, тие биле подготвени да се откажат од себе и да ги посветат духот и телото на Царот Израилски. Така и ние сме должни да Го пресретнеме Господа. Ние ќе ја пројавиме нашата љубов и радост кон Неговото доаѓање, тогаш кога ќе ја отфрлиме нашата извалкана од пороци и страсти гревовна духовна облека и ќе ја замениме со чиста и невина. Достојно ќе го пречекаме Царот, тогаш кога со правда ќе се откажеме од лошата волја, ќе се облечеме во нов човек и сецело ќе се предадеме на Христа Спасителот. Ќе го прегрнеме Месијата, тогаш кога без роптање ќе го носиме нашиот животен крст и со љубов и достоинство ќе ги совладуваме сите маки и таги што ги носи животот. Таквата наша средба со Искупителот ќе биде најдобра, но и пријатна на Господа Исуса Христа.

Како што рековме, израилскиот народ излегол во пресрет на Спасителот со песни и славословија: „Осана во висините, благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово” (Мт. 21, 9). Со овие зборови израилскиот народ ги искажувал пред Господа своите радосни чувства. Токму така и ние сме должни со нашите усти, но уште повеќе со нашиот исправен живот и добри дела, да Го славиме и прославуваме Господа, сега и во сета вечност. Амин!

28.04.2013 година
Цветници
манастир „Пресвета Богородица – Пречиста“ Кичево

cvet2013

cvet2013 2

cvet2013 4

cvet2013 6

cvet2013 8

cvet2013 10

cvet2013 12

cvet2013 14

cvet2013 16

cvet2013 18

cvet2013 20

cvet2013 22

cvet2013 24

cvet2013 26

cvet2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1