„Заспан со тело, како мртов си воскреснал по три дена, Цару и Господи, откако го крена Адама од распадливоста, и смртта ја уништи; Пасха на нетление, и на светот – спасение“ (Егзапостилар на служба на Воскресение Христово).

„Влезете сите во радоста на својот Господ; примете ја наградата и првите и вторите; богати и сиромаси, ликувајте заедно; испосници и мрзливи, чествувајте го овој ден. Радувајте се денес, и вие што сте постеле, и вие што не сте постеле“ – вака ни се обраќа светиот Јован Златоуст на овој светол и радосен ден. Нашата тага за Распнатиот и Погребаниот Христо, постана неискажлива радост. Денес Христос ги скрши оковите на смртта и адот, и демоните паднаа. Затоа и сите извикуваме: „Смрт, каде ти е осилото? Аде, каде ти е победата?

affiliate link trace | NIKE HOMME

На овој најрадосен празник, торжеството над сите торжества, сиот православен народ дојде во светите храмови да Го прослави Воскреснатиот Христос – Победителот. Христовото Воскресение беше прославено и во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“  на Плаошник во Охрид, каде беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На празничната богослужба беше присутен и г-дин Трајко Велјаноски, Претседател на Собранието на Р. Македонија. Многубројниот верен народ го исполни Светиклиментовиот манастир, а многумина од нив учествуваа до доцна во ноќта на светата Литургија и се причестија со светото Тело и Крв Христови. Од местото каде што беше објавено Воскресението Христово, беше прочитано и Велигденското послание, во кое Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ги поучи верниците со зборовите:

„...А како ќе го вкусиме Воскресението уште во овој живот и како ќе го постигнеме потребното човечко достоинство, покажано со Христовото воскресение? Воскреснатиот Господ Исус Христос ни порачува: По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе (Јн. 13,35). Со љубовта, нелицемерна и несебична, ние ја надминуваме смртта и стекнуваме бесмртност и вечен живот. Патот кон спасението и стекнувањето на Божјата љубов, отците на Црквата го нарекуваат: наука над науките и уметност над уметностите. Затоа, за тргнување по тој пат, неопходно е познавање на начинот на кој се оди по него. Таа возвишена наука треба да се изучи, та потоа да се живее според неа...“

Veligden2013 1

Veligden2013 3

Veligden2013 5

Veligden2013 7

Veligden2013 9

Veligden2013 11

Veligden2013 13

Veligden2013 15

Veligden2013 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1